Општествена одговорност на граѓаните - 2009 |
![]() |
![]() |
![]() |
Среда, 01 април 2009 15:14 | |||
Автори: Сашо Клековски, Александар Кржаловски, Сунчица Саздовска, Гонце Јаковлеска, Миодраг Колиќ и Даниела Стојанова
Прашањето за чувство на припадност најпрво кон државата или кон друга (етничка) група е показател на развојот на општествената и на политичката култура. Мнозинството граѓани (61,1 %) најпрво се чувствуваат како македонски државјани/граѓани. Мнозинство од граѓаните (51,9 %) сè уште ја доживуваат државата како најодговорна во решавањето на општествените потреби. Високите очекувања кон државата, со пониски очекувања од самите граѓани (6,9 %) и скоро отсуство на очекувања од деловниот сектор (1,6 %), оди во прилог на етатистичката култура, како остаток на државниот социјализам, односно мала јавна поддршка на устројување на Македонија како либерално-демократски уставен систем. Вербата во солидарноста на граѓаните е зголемена на 49,3 % од 39,3 % во 2007 г. и од 26,4 % во 2004 г. Мнозинство граѓани (64,3%) сметаат дека нов развој, вработување и оспособување на граѓаните се решение за проблемите. Зголемени се и јазовите меѓу изјавите за граѓанска одговорност и реалноста, освен во делот на јавниот дух. Во просек, параметрите за граѓанска одговорност се зголемени за 15 процентни поени (од 51,1 % на 66,2 %), додека во конкретните показатели за истите работи за околу 10 процентни поени (од 37,8 % на 48,1 %). Само еден од пет граѓани чувствува одговорност за зачувување на животната средина. Од друга страна поддршката за мерките за заштита на животната средина е висока. Граѓаните најчесто се дружат со членовите на потесното/поширокото семејство и пријателите. Една четвртина од граѓаните воопшто не се дружат со своите колеги од работа или истата струка надвор од работното време, а повеќе од половината воопшто не посетуваат организирани форми на дружење (спортски клубови и сл.). Половина од граѓаните ги посетуваат црквите, џамиите и другите верски храмови неколку пати во годината. Во 2009 г. се јавува зголемување на учеството во непартиските политички активности (протести, демонстрации, петиции, бојкоти и сл.) на граѓаните. Исто така има и релативно голем потенцијал (околу 30 %) за зголемен активизам на граѓаните (оние кои не учествувале досега, но би го направиле тоа). Интересот за доброволна (волонтерска) активност во заедниците е мал, а не постои и континуитет во волонтерските активности. Граѓаните немаат изградени навики и свест за да направат нешто повеќе (вон семејството и лично за себе) за заедницата и за Вклученоста на граѓаните во граѓанските организации е мала (24 % се членови) и нема битно поместување во однос на претходните истражувања. Членувањето и во другите форми на здружување во граѓанското општество (цркви и верски заедници и синдикати) е слично, додека членството во политичките партии е доста повисоко и изнесува 41,6 %. Бројот на луѓето што даруваат пораснал од 64,6 % минатата, на 70,9 % оваа година. Главниот мотив за дарување е солидарноста, а првиот приоритет за дарување е социјалната грижа или хуманитарните цели. Оваа година општинското и националното ниво се повисоко на листата на приоритетни нивоа за дарување. Граѓаните најчесто даруваат пари, а вообичаената сума е од 100 до 500 денари. Најмногу сакаат да даруваат директно и на рака. Најчестите причини за одбегнувањето на посредниците се желбата да се види кому му се дава помошта (39,5 %) и потребата да се избегне злоупотреба (27,6 %). Најголем број граѓани (32,5 %) за добротворните акции се информираат директно од корисниците, а
|