Лобирање во локалната самоуправа - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Лобирање во локалната самоуправа PDF Печати Е-пошта
Среда, 03 јуни 2009 11:42

Автор: Марјан Танушевски
Дата: 2009 година
ISBN: 978-9989-102-80-6
PDF:
lobiranje-vo-lokalnata-samouprava.pdf


Лобирање во локалната самоуправаДецентрализацијата не е единствената гаранција за ефикасна локална самоуправа. Постојат многу фактори кои директно влијаат врз тој процес. Во прв план, секако дека е човечкиот фактор. Прифаќањето на позитивните вредности и стандарди, збогатувањето со нови знаења, умеења и способности за користење на прагматични инструменти се една од насоките што водат до саканата цел, а тоа е модерна локална самоуправа од европски тип.

Лобирањето како основа на секој демократски процес е неопходно потребна активност. Лобирањето се занимава со јавните одлуки. Лобирањето со моќта на аргументите ги зголемува дострелите на демократијата која е од интерес на јавноста. Всушност, лобирањето е комплексен процес кој ги поврзува различните знаења и вештини, но и арбитер кому самите му обезбедуваме мандат за одлучување.

Лобирањето е важна менаџерска вештина. Според некои автори тоа е високо професионално дело, кое се одвива систематски, се до остварувањето на целта која е од интерес на јавноста.

Лобирањето не е егзактна наука ниту древна дисциплина. Тоа е дел од мондијализацијата во сите пори, но и на сите нивоа во општеството. Со лобирање сигурно дека ќе се подобри компетенцијата на органите на локалната самоуправа особено во делот на комуникациската и лидерската умешност.

Овој труд, во скромно публикувана понуда на оваа тема во Република Македонија треба да помогне во запознавањето со историјата и поимот лобирање, методите и техниките за лобирање, како и нивната примена за поефикасна локална самоуправа.

Во литературата меѓу другото е забележано дека „за да бидеш успешен лобист треба да бидеш како „spiderman“ или човек-пајак, високообразован, вешт комуникатор, одличен аналитичар, односно човек кој лесно се движи во мрежата што сам ја плете“.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Лобирање во локалната самоуправа