Управен одбор на МЦМС 2021-2025
Елена Кочоска (1.11.1978г.; Прилеп). Нејзиното образование и шеснаесет годишно искуство и посветеност во полето на лицата со хендикеп, човековите права и недискриминацијата, ѝ овозможиле да стекне соодветни вештини и знаења.
Насер Селмани (1.05.1973 г.; с. Никиштане). Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје, а има магистрирано на Берлинскиот универзитет за професионални студии на тема „Менаџмент на иновации во медиумите “. Од 1996 до 2000 работи во весникoт на албански јазик „Flaka e vellazermit“, а од 2000 до 2016 работи во весникот „Вест“ како кореспондент од Собранието на Република Македонија. Како експерт во полето на слободата на изразување и теми поврзани со независност на медиумите Насер Селмани активно учествува на голем број национални, регионални и меѓународни платформи и настани на кои се обработуваат горенаведените теми. Тој е поранешен претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и еден од основачите на Европскиот центар за прес и медиумски слободи со седиште во Лајпциг. Своето искуство им го пренесува на студентите по новинарство на Државниот универзитет во Тетово каде е надворешен предавач.
Самет Скендери (7.01.1964г.; Гостивар). Средно економско училиште завршил во Гостивар, а студирал на Економскиот факултет во Скопје. Долгогодишен член на ХДЗР „Месечина“- Гостивар, член на бордот на Хелсиншкиот комитет и извршен директор на Асоцијацијата Иницијатива за социјална промена- „ИнСок“ – Скопје. Посебно поле на интерес му се човековите права, правата на помалите заедници и прашањата поврзани со Ромите. Во изминатиов период учествувал на голем број обуки за градење на капацитети и стручно оспособување, а бил и член на многу работни и стручни групи за: анализа на меѓуетничките односи во Република Македонија; подготовка на алтернативен извештај на Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата за Република Македонија; подготовка на акциските планови на Декадата за вклучување на Ромите и Стратегијата на Ромите во Македонија; микро-студијата за подобрување на вработливоста на Ромите во Република Македонија; подготовка на извештајот од следењето на спроведувањето на Акциските планови на Декадата и Стратегијата на Ромите во Република Македонија „Декадна стража“.
Бобан Митевски (10.01.1983г.; Скопје). Во 2006 година дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици, а во 2007 година на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Истата година, како стипендист на Скопската православна епархија, ја завршува и престижната школа за новинарство при „Македонскиот институт за медиуми“ во Скопје. Во 2008 година се здобива со називот лектор по македонски јазик. Во 2010 година се запишува на последипломски студии на Московската духовна академија при Руската православна црква. При крајот на 2010 година почнува да работи како помлад асистент на катедрата по систематско богословие, на предметите Догматика и Споредбено богословие. Од 2010 година е шеф на кабинетот на Поглаварот на МПЦ. Од 2010 до 2014 година е спроведувач на обуки за црковен протокол во приватната Академија за протокол во Скопје. Од 2012 година е свештенослужител во параклисот „Свети Николај Чудотворец“ во н. Аеродром. Член е на Советот на МЦМС и на Националниот совет за евроинтеграции при Собранието на Република Македонија, а ја претставува МПЦ и во повеќе координативни тела, совети и одбори, како и во комуникацијата со невладини домашни и меѓународни организации.
Назим Рашиди (14.05.1973 г., Струга) е уредник/презентер на емисијата „200“ на националната телевизија Алсат-М и претседател на здружението „Диверзити медиа“. Тој има 16-годишно професионално искуство во известување и комуникации како искусен новинар, медиумски професионалец и експерт за односи со јавност и обучувач со фокус на ЕУ. На ангажманот во Алсат-М му претходел 12 годишно искуство во ББЦ (BBC). Овој ангажман му овозможил да стекне длабинско познавање на процесот на интеграции во ЕУ на земјите од Западен Балкан и детално знаење за специфичните релации на ЕУ со Македонија, Албанија и Црна Гора. Рашиди има четиригодишно професионално искуство како предавач на Одделот за новинарство на Државниот универзитет во Тетово каде ги држел предавањата за „Пишување и известување“ и „Онлајн (интернет) новинарство“. Досегашното искуство го прави искусен обучувач за медиуми, информации и комуникации и веќе пет години е еден од обучувачите на овие теми на Македонскиот институт за медиуми. Назим Рашиди е дипломиран новинар на Универзитетот во Тирана, Албанија и кандидат за магистер по комуникации на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Своето знаење во областа во која работи постојано го надградува преку различни програми како што се: Програмата за лидерство на САД, Школата за политички студии на Советот на Европа, Светскиот сервис на ББЦ, Дојче Веле, Данската школа за новинарство итн.
Неда Милевска Костова (12.07.1975 г., Скопје) е директор на Институтот за социјални иновации од Скопје и виш научен соработник. Нејзините ангажмани се поврзани со здравствените системи и истражувањата во таа област. Таа е претседател на Управниот одбор на Меѓународниот сојуз на организации на пациенти (IAPO Patients for Patient Safety Observatory), потпретседател на Извршниот комитет на Health First Europe и дел од управувачките структури на други домашни и меѓународни организации. Покрај тоа, таа е консултант на Светската здравствена организација за Европа (здравствени системи и економика) и за Југоисточна Азија (здравствени системи и политики). Неда Милевска Костова претходно била програмски, односно извршен директор на Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“ и главен и одговорен уредник на списанието за европски прашања „Евродијалог“. Милевска Костова завршила Факултет за фармација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1998 година. Таа е магистер по молекуларна биологија и магистер по јавни политики и менаџмент. Двете магистратури ги има стекнато надвор до земјава, односно на Универзитетот во Токио, Јапонија и Универзитетот во Питсбург, САД. На Универзитетот во Шефилд се стекнала со титулата доктор на медицински науки, а во 2018 година Министерот за здравство на РМ и го доделил звањето Примариус, за особен придонес во развојот на здравствената заштита и здравствениот сектор во РМ.
Сања Васиќ (24.05.1965г., Скопје) е новинар со околу 30 годишно искуство во новинарството која работела како уредник и дописник на странски медиуми и модератор на телевизиски дебати.
Бобан Митевски (10.01.1983г.; Скопје). Во 2006 година дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици, а во 2007 година на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Истата година, како стипендист на Скопската православна епархија, ја завршува и престижната школа за новинарство при „Македонскиот институт за медиуми“ во Скопје. Во 2008 година се здобива со називот лектор по македонски јазик. Во 2010 година се запишува на последипломски студии на Московската духовна академија при Руската православна црква. При крајот на 2010 година почнува да работи како помлад асистент на катедрата по систематско богословие, на предметите Догматика и Споредбено богословие. Од 2010 година е шеф на кабинетот на Поглаварот на МПЦ. Од 2010 до 2014 година е спроведувач на обуки за црковен протокол во приватната Академија за протокол во Скопје. Од 2012 година е свештенослужител во параклисот „Свети Николај Чудотворец“ во н. Аеродром. Член е на Советот на МЦМС и на Националниот совет за евроинтеграции при Собранието на Република Македонија, а ја претставува МПЦ и во повеќе координативни тела, совети и одбори, како и во комуникацијата со невладини домашни и меѓународни организации.
Горан Михајловски (24.11.1963 г., Битола). Завршил Интердисциплинарни студии по новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1988 година. Професионален новинар е од септември 1989 година. Од 1989 до 2000 година е новинар во „Вечер“, каде од 1998 година е и главен и одговорен уредник. Основач е на весникот „Вест“ и негов главен и одговорен уредник од 5 јули 2000 до 31 декември 2015 година. Од 29 јануари 2016 е сопственик на интернет порталот „Сакам да кажам“ и главен и одговорен уредник на дигиталната редакција. Автор е на колумната „Сакам да кажам“ (Вечер и Вест) од јануари 1991 година. Има издадено четири книги „Сакам да кажам - збирка колумни“ (1997, 2002, 2007 и 2010) и книга од областа на новинарството и туризмот „Приказни со пет ѕвездички“(2004). Два пати добитник на наградата Мито Хаџивасилев Јасмин и на наградата Крсте Мисирков за остварувања во новинарството. Од 2007 до 2015 година е предавач на Правниот факултет при УКИМ на студиите по новинарство по предметот Уредување во медиуми. Координатор е на СЕЕМО, новинарската организација на медиуми од југоисточна Европа со седиште во Виена. Член на Управниот одбор на МЦМС од 2009 година, а на Советот од 2012 до 2016 година.
Елена Кочоска (1.11.1978г.; Прилеп). Нејзиното образование и дванаесетгодишното искуство и посветеност во полето на лицата со хендикеп, човековите права и недискриминацијата, ѝ овозможиле да стекне соодветни вештини и знаења. Нејзиниот досегашен ангажман во Полио плус, како и голем број на експертски ангажмани, го потврдуваат нејзиното залагање и соработка на сите чинители во полето на еднаквоста и недискриминацијата, со што би се придонело кон поправедно општество, каде сите граѓани со или без хендикеп ќе имаат еднакви можности.
Насер Селмани (1.05.1973 г.; с. Никиштане). Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје, а има магистрирано на Берлинскиот факултет за професионални студии на тема „Меѓународен медиумски менаџмент“. Од 1996 до 2000 работи во весникoт на албански јазик „Flaka e vellazermit“, а од 2000 до 2016 работи во весникот „Вест“ како кореспондент од Собранието на Република Македонија. Како експерт во полето на слободата на изразување и теми поврзани со независност на медиумите Насер Селмани активно учествува на голем број национални, регионални и меѓународни платформи и настани на кои се обработуваат горенаведените теми. Тој е актуелен претседател на ЗНМ, а исто така е член на Надзорниот одбор на Европскиот центар за прес и медиумски слободи, како и делегат во Меѓународната и Европската федерација на новинари.
Самет Скендери (7.01.1964г.; Гостивар). Средно економско училиште завршил во Гостивар, а студирал на Економскиот факултет во Скопје. Долгогодишен член на ХДЗР „Месечина“- Гостивар, член на бордот на Хелсиншкиот комитет и извршен директор на Асоцијацијата Иницијатива за социјална промена- „ИнСок“ – Скопје. Посебно поле на интерес му се човековите права, правата на помалите заедници и прашањата поврзани со Ромите. Во изминатиов период учествувал на голем број обуки за градење на капацитети и стручно оспособување, а бил и член на многу работни и стручни групи за: анализа на меѓуетничките односи во Република Македонија; подготовка на алтернативен извештај на Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата за Република Македонија; подготовка на акциските планови на Декадата за вклучување на Ромите и Стратегијата на Ромите во Македонија; микро-студијата за подобрување на вработливоста на Ромите во Република Македонија; подготовка на извештајот од следењето на спроведувањето на Акциските планови на Декадата и Стратегијата на Ромите во Република Македонија „Декадна стража“.
Сања Васиќ (24.05.1965г.; Скопје). Новинар со 25 годишно искуство во новинарството која работела како уредник и дописник на странски медиуми и модератор на телевизиски дебати. Нејзиниот фокус се меѓународните односи и политиката. Таа е тренер и предавач по новинарство на темите поврзани со медиумските концепти и истражувачкото новинарство. Медиумите во кои го градела своето искуство се весникот „Нова Македонија“, новинската агенција „Макпрес“, телевизија Телма, редакцијата на ББЦ на македонски јазик и Гласот на Америка. Во периодот од 2014 до 2015 година таа ја извршуваше функцијата главен и одговорен уредник на информативната редакција на телевизија Телма. Сања Васиќ во моментов е уредник во националната телевизија Телма и дописник на Гласот на Америка.
Ризван Сулејмани (5.1.1957 г. Скопје). Дипломирал на Електротехничкиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, магистрирал на европски студии на Филозофскиот факултет во Скопје, а докторирал на политички студии во Скопје. Оженет и живее со сопругата Нуремане и синовите Артан и Фатон во Скопје. Бил на повеќе раководни места и функции, меѓу кои два пати пратеник во Собранието на Република Македонија, заменик-министер за одбрана и министер за локална самоуправа во Владата на Република Македонија. Како пратеник, бил член на парламентарната група од Македонија во Парламентот на НАТО. Бил и во повеќе управни одбори. Во граѓанскиот сектор е основач и актуелен потпретседател на Северноатлантскиот совет во Македонија, како и основач и член на Претседателството на Европското движење во Македонија. Член на Советот и претседавач на Управниот одбор на МЦМС од 2009 г. Во моментот е професор и декан на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.
Ризван Сулејмани - претседавач (5.1.1957 г. Скопје). Дипломирал на Електротехничкиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, магистрирал на европски студии на Филозофскиот факултет во Скопје, а докторирал на политички студии во Скопје. Оженет и живее со сопругата Нуремане и синовите Артан и Фатон во Скопје. Бил на повеќе раководни места и функции, меѓу кои два пати пратеник во Собранието на Република Македонија, заменик-министер за одбрана и министер за локална самоуправа во Владата на Република Македонија. Како пратеник, бил член на парламентарната група од Македонија во Парламентот на НАТО. Бил и во повеќе управни одбори. Во граѓанскиот сектор е основач и актуелен потпретседател на Северноатлантскиот совет во Македонија, како и основач и член на Претседателството на Европското движење во Македонија. Член на Советот и претседавач на Управниот одбор на МЦМС од 2009 г. Во моментот е директор на Институтот за политички и меѓукултурни студии во Скопје.
Габриела Мицевска - заменик-претседавач (23.12.1970 г., Скопје). Дипломиран земјоделски инженер, во моментот е на магистерски студии по агроекономиија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Од 1997 до 2002 година работела како агробизнис-консултант во неколку меѓународни проекти и како консултант во сопствена консултантска фирма. Од 2002 до 2006 година била проектен менаџер во Care International Macedonia и консултант за мониторинг во проектот СФАРМ. Од 2006 до 2009 година работи во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како советник на министерот и државен советник за меѓународна соработка и евроинтерграција. Од 2009 година до денес работи како раководител на сектор за земјоделство и рурален развој во ЦеПроСАРД. Покрај тоа, од 1999 г. е и овластен обучувач за претприемништво, маркетинг и бизнис планирање по германската методологија ЦЕФЕ.
Бехиџудин Шехапи (27.2.1961 г., Тетово). Завршил Филозофски факултет во Скопје, група Историја на уметноста и археологија. Оженет и има четири деца. Има повеќе од 20 години искуство работа на раководни места во научно-образовните и граѓанските организации, како и во Исламската верска заедница (ИВЗ). Две години го предавал предметот: Исламска култура и цивилизација, во средното теолошко училиште во Скопје, а 15 години бил раководител во службата за верски објекти и исламска култура во ИВЗ и 4 години уредник на весникот „Млада месечина“. Генерален секретар на Ел хилал бил 12 години, а последните неколку години е и негов претседател. Бил и директор во Националниот конзерваторски центар (НКЦ), а во моментов е пратеник во Собранието на Република Македонија. Поседува богато искуство во управување во граѓанскиот сектор и способност за воспоставување на интеркултурен и интерконфесионален дијалог и дал придонес во зајакнување на меѓуетничката доверба. Ги познава сите цивилизациски дострели во Македонија и автор е на неколку публикации во оваа област. Шехапи беше член на Управниот одбор на МЦМС и во претходните два мандати.
Ванчо Стојанов (1.1.1967 г. во Струмица). Средно образование стекнал во ДСУ Др. Панче Караѓозовски – Скопје, како медицински лаборант, по што продолжил на Високата медицинска школа во Битола, каде се стекнал со статус на Дипломиран лабораториски аналитичар. Оженет е и татко на две деца. Од 2000-2009 година бил Раководител на Клиничка биохемиска лабораторија во општата болница во Струмица, каде ги подобрил вештините за менаџирање и тимска работа. Член е на Управниот одбор на Црвен крст – Струмица, како и на Советот за статистика. Градоначалник на Василево е од 2009 година.
Ѓоко Ѓорѓевски (24.7.1968 г., Скопје). По завршувањето на Богословијата, во 1991 година дипломира на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски” во Скопје. За време на студиите три години е претседател на студентското здружение при факултетот, како и главен уредник на студентскиот билтен. По три години поминати како професор во Богословијата, заминува на неколкумесечен студиски престој во Источниот институт во Регенсбург - Германија, по којшто следеа магистерските студии на Теолошкиот факултет - оддел Библиска теологија при Папскиот Универзитет „Грегоријана” во Рим, Италија (1994-1996), каде што и докторира во 2000 година. Од 2001 година активно е вклучен во активностите од областа на меѓурелигискиот дијалог преку учество на конференции и средби во земјата и во странство, како и од областа на социјалната теологија. Член на Советот на МЦМС во периодот 2004-2012, а на Управниот одбор на МЦМС е член од 2009 година. Во моментов е амбасадор на Република Македонија во Ватикан.
Горан Михајловски (24.11.1963 г., Битола). Завршил Интердисциплинарни студии по новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1988 година. Професионален новинар е од септември 1989 година. Од 1989 до 2000 година е новинар во Вечер, каде од 1998 година е и главен и одговорен уредник. Основач е на весникот Вест и негов главен и одговорен уредник од 5 јули 2000 година. Автор е на колумната Сакам да кажам (Вечер и Вест) од јануари 1991 година. Има издадено три книги Сакам да кажам - збирка колумни (1997, 2002, 2007) и книга од областа на новинарството и туризмот „Приказни со пет ѕвездички“. Два пати добитник на наградата Мито Хаџивасилев Јасмин и на наградата Крсте Мисирков за остварувања во новинарството. Од 2007 година е надворешен предавач на Правниот факултет при УКИМ на студиите по новинарство по предметот Уредување во медиуми. Член на Управниот одбор на МЦМС од 2009 година, а на Советот од 2012 година.
Ратко Лазаревски (8.2.1969 г., Скопје). Завршил Факултет за безбедност во Скопје. Оженет со Елена и има две деца, Милан и Екатерина. Од 1993-2000 г. работи во Министерството за внатрешни работи. Потоа од 2000-2008 година е вработен во Дуферко - Макстил во Одделот за истражување на пазарот и јавното мислење, консултант во Агенција за односи со јавност, раководител. Од 2008 година е управител на дневниот весник Нова Македонија. Носител на мајсторски во џудо и меѓународна лиценца за нуркачки инструктор. Член на Советот на МЦМС .
Ризван Сулејмани - претседавач (5.1.1957 г. Скопје). Дипломирал на Електротехничкиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје. Магистрирал на европски студии на Филозофскиот факултет во Скопје, докторирал на политички студии во Скопје. Оженет и живее со сопругата Нуремане и синовите Артан и Фатон во Скопје. Бил на повеќе раководни места и функции, меѓу кои два пати пратеник во Собранието на Република Македонија, заменик-министер за одбрана и министер за локална самоуправа во Владата на Република Македонија. Како пратеник, бил член на парламентарната група од Македонија во Парламентот на НАТО. Бил во повеќе управни одбори и раководни функции. Во невладиниот сектор основач и актуелен потпретседател е на Северноатлантскиот совет на НАТО во Македонија и основач и член на Претседателството на Европското движење во Македонија. Во моментот е директор на Институтот за политички и меѓукултурни студии во Скопје.
Кочо Анѓушев - заменик претседавач (20.6.1969 г., Скопје). Има дипломирано на Машинскиот факултет во Скопје, подоцна на истиот факултет, во 1995 г. станува магистер по машински науки, а во 1998 г. и доктор по технички науки. Има професионален стаж од 16 години на Машинскиот факултет во Скопје, каде што работи како професор, 6 години како директор на ЕФТ Македонија и 5 години како претседател на Управниот одбор на Брако. Покрај ова, членува во повеќе меѓународни професионални тела и има објавено повеќе од 100 научни труда и повеќе од 50 проекти во индустријата.
Билјана Герасимoвска – Китановска (26.02.1969 г., Скопје). Факултетска наобразба стекнала во Скопје на Медицински факултет каде подоцна и специјализирала интерна медицина. Мажена. Вработена е во Клиничкиот центар во Скопје на Клиниката за нефрологија. Од 1995 година е основач и претседател, а сега активен член на граѓанската организација ЕСЕ, Скопје со значителни постигнувања во развој на родовиот пристап во МАкедонија. Член на Управниот одбор на МЦМС е од 2004 година. Во текот на својот мандат континуирано придонесуваше во анализата на различни прашања, посебно од подрачјето на човекови и родови права, еднакви можности и анти – дискриминација
Бехиџудин Шехапи (27.2.1961 г., Тетово). Завршил Филозофски факултет во Скопје, група Историја на уметноста и археологија. Оженет и има четири деца. Има повеќе од 20 години искуство работа на раководни места во научно-образовните, цивилните институции и организации како и во Исламската верска заедница (ИВЗ). Две години го предавал предметот: Исламска култура и цивилизација, во средното теолошко училиште „Иса Бегова Медреса” во Скопје, 15 години бил раководител во службата за верски објекти и исламска култура во Исламската заедница на РМ, 4 години уредник на весникот „Млада месечина”, 12 години генерален секретар на Ел хилал, 5 години е Претседател на Ел хилал каде му тече и вториот мандат, 4 години член на Управниот одбор на МЦМС, две години директор во Националниот конзерваторски центар (НКЦ) каде му тече вториот мандат по повторен избор. Тој поседува богато искуство во управување во граѓанскиот сектор, знаење во менаџирање со кризите и управување во конфликтните ситуации, знаење во воспоставување на комуникација со луѓето и со медиумите. Поседува способност за воспоставување на интеркултурен и интерконфесионален дијалог и дал придонес во зајакнување на меѓуетничката доверба. Ги познава сите цивилизациски дострели во Македонија и автор е на неколку публикации во оваа област.
Горан Михајловски (24.11.1963, Битола). Завршен факултет Интердисциплинарни студии по новинарство на УКИМК во 1988 година. Професионален новинар од септември 1989 година. Од 1989 до 2000 година новинар во „Вечер”. Од 12.1998 до 05.2000 е главен и одговорен уредник на „Вечер”, основач на весникот „Вест” и главен и одговорен уредник од 5 јули 2000. Автор на колумната „Сакам да кажам” („Вечер” и „Вест”) од јануари 1991 година. Три книги „Сакам да кажам” -збирка колумни (1997, 2002, 2007). Книга од областа на новинарството и туризмот „Приказни со пет ѕвездички” (2004). Два пати добитник на наградата „Мито Хаџивасилев Јасмин” за „Сакам да кажам”. Добитник на наградата „Крсте Мисирков” за остварувања во новинарството. Од 2007 надворешен предавач на Правниот факултет при УКИМ на студиите по новинарство по предметот „Уредување во медиуми”.
Ѓоко Ѓорѓевски (24.7.1968 г., Скопје). По завршувањето на Богословијата, во 1991 година дипломира на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски” во Скопје. За време на студиите три години е претседател на студентското здружение при факултетот, како и главен уредник на студентскиот билтен. По три години поминати како професор во Богословијата, заминува на неколкумесечен студиски престој во Источниот институт во Регенсбург -Германија, по којшто следеа магистерските студии на Теолошкиот факултет -оддел Библиска теологија при Папскиот Универзитет „Грегоријана” во Рим, Италија (1994-1996), каде што и докторира во 2000 година. Од 2001 година е доцент по предметите од областа на Светото писмо на Стариот завет. Од 2001 година активно е вклучен во активностите од областа на меѓурелигискиот дијалог преку учество на конференции и средби во земјата и во странство, како и од областа на социјалната теологија. Од 2002 до 2006 година е главен уредник на списанието Православен пат.
Јагуп Селимоски (3.10.1946, Скопје). Основно образование завршил во Кичево, средно исламско училиште во Сараево, а факултет на Ал. Азхар во Каиро, Египет. Работел како секретар на ИВЗ-РМ, а во периодот 1980-1991 е и нејзин претседател и поглавар на ИВЗ на поранешна СФРЈ до 1993 г. Моментално е директор на секторот за верско образование во ИВЗ-РМ Скопје, член е во сите највисоки органи на ИВЗ, како и на Меѓурелигискиот совет на Република Македонија.
Славко Велевски (22.6.1961 г., Могила). Дипломирал на Природно-математичкиот факултет на Институтот за биологија во Скопје. Оженет е со Гордана и е татко на 2 деца, Христијан и Петар. 12 години е градоначалник на општина Могила. Претходно во периодот 1991-1993 година работи како наставник по биологија во ОУ „Славко Лумбарковски” во Новаци. Во 1982 г. е еден од основачите и активен играч на КК „Стрела” – Могила, кој се натпреваруваше во регионалната лига на Македонија. Член е на Комисијата за образование на ЗЕЛС, а член и на Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија. Добро ја познава проблематиката на локалната самоуправа, јавните услуги, регионалниот и руралниот развој.
- Наташа Габер – Дамјановска
- Прота Драги Костадиновски
- Андон Марковски
- Бехиџудин Шехапи
- Билјана Герасимовска – Китановска
- Зејнула Фазлиу
- Пречесен Михаил Цеков
- Мухамед Точи
- Свето Стефановски
- Мирко Спироски 1993-2004
- Димитрије Бужароски 1993-1994
- Зорица Велковска 1993-1994
- Иван Тулевски 1993-2000
- Љубомир Цуцуловски 1993-1994
- Нано Ружин 1993-1994
- Наташа Габер – Дамјановска 1993-2004
- Савка Тодоровска 1993-1994
- Теута Крашница-Чучкова 1993-2004
- Драги Костадиновски 1993-2004
- Зејнула Фазлиу 1993-2004
- Зоран Костов 1994-2000
- Михаил Цеков 1994-2004
- Мухамед Точи 1994-2004
- Нурије Кадриу 1994-2000
- Букурије Бајрами 2000-2004
- Биљана Герасимовска – Китановска 2000-2004
- Свето Стефановски 2000-2004
|