Нашата визија, мисија и стратегија |
Визијата на МЦМС е мир, хармонија и просперитет на луѓето во Македонија, на Балканот и глобално. МЦМС ја заснова визијата за мир, хармонија и просперитет, на универзалните принципи на граѓанско општество и партиципативна демократија, владеење на правото, рамномерен и одржлив социо-економски развој, ненасилство, почит и меѓузависност и културна разноличност. Мисијата на МЦМС е „МЦМС предводи и поттикнува промени со нови и алтернативни решенија на општествените проблеми, кои влијаат на другите чинители и кои се вклучуваат во главните текови“. Вредности и принципи Партиципација (учество, вклученост) на луѓето - подразбира вклученост во процесите на одлучување, на сите оние кои имаат легитимен интерес во прашањата кои ги засегаат. Транспарентност и одговорност (јавност, отвореност, отчетност) – подразбира јавност (јавна проверка, контрола) и отвореност на институциите и процесите во општеството. Нужно е таа да биде пропратена со постоење механизми кои обезбедуваат одговорно однесување на клучните актери. Партнерство (соработка) - подразбира односи на соработка меѓу вклучените страни, кои се согласуваат да ги споделат правата и одговорностите заради постигнување одредена цел. Партнерството како принцип, се надградува на партиципацијата. Толеранцијата е спремност да се препознаат и почитуваат верувањата и однесувањата на другите. Оваа вредност е клучна за стабилноста на општеството, кое пак е предуслов за просперитет. Претприемништво - значи преземање иницијатива (и ризик) за сопствен успех - личен или на заедницата (социјално претприемништво). Глобалните искуства потврдуваат дека најуспешните општества се базираат на иницијативност и иновативност. Одржливост - значи долгорочност и континуитет на процесите и состојбите. Одржливиот развој е процес на промена во кој сите заедно, експлоатацијата на ресурсите, насоките на инвестициите, ориентацијата на технолошкиот развој и институционалната промена, се во хармонија и овозможуваат сегашните и идните потенцијали да ги задоволат човековите потреби и аспирации. Еднакви можности – за сите луѓе за пристап до придобивките од политичките, економските и социјалните процеси и механизми за тоа да се обезбеди, без дискриминација и/ или фаворизирање на други. Документот „Визија, мисија и стратегија на МЦМС“ е формулиран врз основа на досегашните долгорочни програмски определби и насоките од неколкуте работилници со членови на Советот, Управниот одбор и Извршната канцеларија на МЦМС. |