Консултанти |
Консултантите на МЦМС имаат долгогодишно искуство во испорака на обуки и консултации, како и соодветно искуство во определените области (минимум 3 години). Тие имаат напредни вештини за испорака на обука и консултации и практично искуство, што им овозможува покрај стандардни обуки, да подготвуваат и спроведуваат консултации дизајнирани специфично според барањата на корисниците. Тимот на консултанти на МЦМС е разновиден според род и етничка припадност, што носи додадена вредност и придонесува кон меинстримирање на прашањата како што се родова и културна разновидност. Тимот на МЦМС може да спроведува консултации и обуки на македонски, албански, англиски и други локални јазици во регионот. МЦМС води грижа за развој на својот тим на консултанти, овозможувајќи постојано надградување на нивните знаења и вештини и следење на меѓународните трендови во соодветната област преку посета на обуки и семинари. Консултантите кои се дел од персоналот на МЦМС имаат добиено интензивни обуки во областите кои ги покриваат во истакнати меѓународни консултантски куќи: Менаџмент за развојни фондации – Холандија, INTRAC – Велика Британија и др. Вработени во МЦМС:
|