Исламот и политиката на Западен Балкан - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Исламот и политиката на Западен Балкан PDF Печати Е-пошта
Среда, 08 април 2009 10:42

Автор: Башким Исени и Гзавије Бугарел
Дата: 2009 година
ISBN: 987-9989-102-81-3
PDF: islamot-i-politikata-na-zapaden-balkan.pdf

Исламот и политиката на Западен БалканОва издание на Политорбис е резултат на едно порачано истражување од Политичкиот секретаријат на ФДНП (ДФАЕ). Негова цел е да се разјаснат односите помеѓу исламот и политичките дејности во Западен Балкан. Оваа религија е впрочем традиционален составен елемент од крајот на средниот век, не само на верскиот живот, но истовремено и на културниот и социјалниот живот за голем број жители на овој регион и кохабитира со повеќе или помалку среќа низ епохите - со христијанизмот, било да е католички, православен или уште поретко, протестантски.

Доколку вклучувањето во разните верски активности играло неспорна улога во неодамнешните војни на Балканот, токму поради способноста за одликување на колективните идентитети и мобилизација на широк слој на популацијата, би било навистина претерано да се каже дека станува збор за верска војна. И уште повеќ е што од неодамнешната комунистичка Југославија (1943-1991), мнозинството со задоволство се изјаснуваше за службената атеистичка идеологија. Вистина е дека обновувањето на интересите за верскиот факт, колку индивидуално толку и колективно, кој што следуваше по рушењето на системот на Тито, коинцидира со почетокот на една деценија на војни (1991-2001), создавајќи многубројни интеракции помеѓу војни и религии. Токму последниве беа повикани, пред си, за определување на колективниот идентитет, за разликување - помеѓу тие поранешни браќа по Маркс, на новите апостоли на Мухамед, од тие на Христос, со цел да се нагласат разликите, да се оправда елиминацијата на својот близок со божемната божја волја.

Меѓутоа, односите помеѓу религиите не би можеле да се сведат на политички манипулации, со ексклузивистички намери, дури и воинствени, бидејќи може да се наведат бројни примери на добри меѓуверски односи кои се одржале, или пак каде религијата едноставно не создала пречки помеѓу граѓаните од разни вероисповести, дури и во најтешкиот период од војната. Впрочем, верниците на таквата религија не ги одржуваат задолжително истите односи со религијата, или не ја имплицираат на ист начин во политичкиот живот, зависно од националноста, епохата или живеалиштето (разликите во овој домен помеѓу град и село, долина и планина, треба да се нагласат).

Ако ова истражување е концентрирано на исламот, тоа е токму од контекст на актуелните меѓународни односи, кои целото светско внимание го сконцентрирале на прашањето на тероризмот со исламска инспирација, поради септемвриските атентати во Соединетите Американски Држави во 2001 година. Една слична студија би можело да се направи за Балканот, со политички сразмери за православието, католицизмот или пак протестантизмот, дури и други идеологии.

Станува збор за доближување на автохтона религија, која е традиционално помалку позната во Западен Балкан, преку придонесот за миграцијата од крајот на 20 век. За таа цел, се повикуваме на двајца специјалисти за политичкиот развој на Балканот, г. Башким ИСЕНИ, специјалист за прашањето на национализмот во албанските говорни подрачја и автор на истражувањата за верските факти во овој регион, и г. Гзавје БУГАРЕЛ, познат по неговиот труд за политичкиот развој во Босна и Херцеговина, што се однесува токму на верскиот фактор.

Резултат на сето тоа е една богата и разновидна панорама за развојот на исламот во последните 20 години во главните региони на Балканот, во тие делови каде што се практикува, како и взаемни влијанија помеѓу овие краеви. Уште повеќ е, заклучоците прочешлуваат перспективи кои се однесуваат на можниот развој на односите помеѓу исламот и политиката, земајќи ги предвид големите предизвици, со кои се соочува тој регион (статусот на Косово, европската интеграција итн.). За жал, заради недостиг на време и ресурси, одредени битни региони се оставени настрана, особено Албанија, како и студијата на интеракцијата на исламот со другите религии во регионот или пак пристапот на овие прашања во рамките на дијаспората, особено во Швајцарија. Посакуваме оваа студија да придонесе за подобро запознавање на една од големите традиционални религии во регионот на Европа и еден од најважните политички фактори на Балканот, за неодамнешниот, брз и сложен развој.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Исламот и политиката на Западен Балкан