Зошто да донирам? - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Зошто да донирам? PDF Печати Е-пошта

За да им помогнете на оние кои имаат потреба!
За да бидете солидарни и општествено одговорни!

Донацијата претставува доброволна и безусловна помош во пари, добра или услуги која не создава ниту директна корист за донаторот ниту обврска за враќање од примателот.

Вашата донација, без разлика дали е голема или мала, во пари, време или добра ќе донесе промени на подобро. Некогаш тоа ќе значи подобрени услови за учење или живот, а некогаш и позитивна промена во заедницата или општеството. Можете да донирате за да направите разлика во животот на одредено лице, но можете да донирате и на граѓанска организација која ќе направи разлика во општеството и чии цели и вредности ги споделувате. Правејќи добро за другите, правите добро за себе!

Има многу начини како да донирате или дарувате: да го донирате кусурот во кутијата за добротворни прилози во некоја продавница, да пратите СМС за донација, да купите разгледници или карти за концерт чиј приход оди за хуманитарни или развојни цели, да одвоите дел од својот данок за граѓанските организации, да дарувате алишта или мебел во хуманитарна организација, црква или верска заедница...

Вашата донација може да биде и од вашето семејство или поширока фамилија, од претпријатието кое го поседувате/раководите или каде работите...

 

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Поддршка Донирај Зошто да донирам?