Често поставувани прашања - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Често поставувани прашања PDF Печати Е-пошта

Македонскиот центар за меѓународна соработка (во понатамошниот текст: МЦМС) е граѓанска организација која се залага за промени и решавање на општествените предизвици, за придобивки на маргинализираните групи и на групите во понеповолна општествена положба.

Мисијата на МЦМС е да предводи (и поттикнува) промени за решавање на општествените предизвици со иновации и воспоставување алтернативни модели вклучувајќи ги во главните текови.

За повеќе информации за работата на МЦМС погледнете го делот За нашата работа.

МЦМС се воспостави со заеднички напор на повеќе граѓански иницијативи и Холандската меѓуцрковна помош. На 14 декември 1993 година се одржа основачкото собрание на МЦМС.

За повеќе информации за МЦМС, погледнете го делот За нас.

Визија на МЦМС е мир, хармонија и просперитет на луѓето како во Македонија и на Балканот, така и глобално.
Целите на МЦМС се:

  • Социјална кохезија и намалување на сиромаштијата;
  • Одржлив локален и рурален развој;
  • Праведно и демократско општество засновано на принципите на добро владеење;
  • Вкоренето и динамично граѓанско општество кое влијае на јавните политики;
  • Прифатена културна разноличност, меѓузависност и дијалог;
  • Поддржан евроинтеграциски процес со зајакната регионална соработка;
  • МЦМС - независна и организација со кредибилитет, способна за силни и ефективни партнерства и сојузи засновани на еднаквост, на национално, регионално и меѓународно ниво; и
  • МЦМС - атрактивна и иновативна организација која учи, со локални корени и глобален поглед.

За повеќе информации околу целите, посетете ја веб страницата на МЦМС, во делот Нашите цели.

Први иницијатори и основачи на МЦМС се: Мирко Спироски, Иван Тулевски, Наташа Габер, Теута  Крашница-Чучкова, Савка Тодоровска и Сашо Клековски.

Основачи се и: Драги Костадиновски, Зејнула Фазлиу, Михаил Цеков,  Зоран Костов, Мухамед Точи, Нурије Кадриу, Анета Андонова, Арифи Сељам, Абдурауф Пруси, Бехиџудин Шехапи, Андон Марковски, Вите Исјановски, Биљана Стеваноска, Свето Стефановски, Јорданка Куситасевска, Надежда Христова-Герасимовска, Мето Јовановски, Митко Кржовски, Сашо Стрезоски.

Партнерствата се една од вредностите од кои се води МЦМС во своето работење. Партнерство подразбира односи на соработка меѓу вклучените страни, кои се согласни да ги споделат правата и одговорностите заради постигнување одредена цел. МЦМС е свесен дека исполнувањето на визијата и мисијата бара градење силни партнерски односи со клучните актери. МЦМС настојува партнерствата да бидат засновани на доверба и заеднички интереси.

Во досегашното искуство соработувал со повеќе организации на заеднички програми и проекти, на поддршка на ставови и заедничко застапување за одредени прашања.

Буџетот на МЦМС во 2010 година изнесуваше 74 милиони МКД (околу 1,2 милиони евра).
За повеќе информации погледнете го делот Годишни извештаи.

Околу 72% од приходите на МЦМС се обезбедуваат од донации и грантови, 20% од сопствени приходи и 8% од камати и вонредни приходи. Во 2010 год. најмногу средства се обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка (30 милиони МКД), околу 6 милиони МКД од Сокотаб и партнери и по околу 4 милиони од ЕЕД, Германија и Норвешка асоцијација на општини.

За повеќе информации погледнете го делот Годишни извештаи.

Околу 36% на расходите во 2010 година се употребени за активности во програмата Добро управување во Македонија. Следни најголеми програми се: Институционален развој на граѓанското општество, Модернизација на образованието, Модел за дијалог меѓу културите, Водоснабдување на општина Јегуновце.

За повеќе информации погледнете го делот Годишни извештаи.

На крајот од 2010 г. МЦМС имаше 24 соработници, од кои 20 се со заснован полн работен однос на неопределено време, а четири соработници со заснован полн работен однос на определено време. За дел од своите активности МЦМС повремено ангажира и надворешни соработници и експерти.

Со измените на Статутот на МЦМС од октомври 2008 година, воспоставен е Одбор на директори, орган за секојдневно управување на МЦМС. Тој е составен од два члена: Александар Кржаловски, Прв извршен директор и Димче Митрески, Извршен директор.

Седиштето на МЦМС е во Скопје. Адресата е: ул. „Никола Парапунов„ бб, п.фах 55, 1060 Скопје. Тел.02/3065-381.

Не, нема. МЦМС има активности надвор од Македонија, пред се во регионот на Балканот. Во моментот се спроведува програмата Балканска мрежа за развој на граѓанското општество, во Србија, Црна Гора, Албанија и Косово.

За повеќе информации за работата на МЦМС погледнете го делот За нашата работа.

Знакот на МЦМС е:

Лого на МЦМС

Советот и Управниот се органи на општо управување и надзор или неизвршни органи на МЦМС. Советот е највисок орган, брои 21 член  и се среќава еднаш или двапати годишно. Управниот одбор брои 8 члена и се состанува во просек еднаш месечно. Орган на секојдневно управување или извршен орган е Одборот на директорите. Во моментов тој брои двајца директори.

За повеќе информации погледнете го делот Нашата структура.

МЦМС можете да го поддржите на повеќе начини. Можете да волонтирате на некоја од активностите, ако сте студент, кај нас можете да ја поминете студентската пракса, да споделите идеи со нас, а поддршката можете да ја изразите и преку донирање финансиски средства за некој од проектите.

Повеќе информации за ова можете да видите на веб страницата во делот за поддршка.

Материјали за работата и кампањите можете да добиете од веб-страната на МЦМС, преку имејл ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ) или во седиштето на МЦМС.

Адресата е: ул. „Никола Парапунов“ бб, п.фах 55, 1060 Скопје. Тел.02/3065-381.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нас ЧПП