Рекоа... |
“За мене ова е прва обука од ваков вид, за РПЦ. Сум учествувал и на други семинари, но со многу поразлична содржина од оваа. Во мојата организација се обидувавме да изготвиме некој проект, но не бевме уки за тоа. Се обратив до МЦМС со едноставно писмо, за да бидат нашиот тип организации обучени за изработка на проекти, канцелариско работење, самостојно финансиско работење, пристап до донаторите итн. Ова што го стекнав овде за неколку дена е немерливо богатство за мене и за мојата организација. Еве, на пример, проектов што го изготвив овде како вежба, со мојата работна група, веднаш ќе го дадам во процедура во мојата организација и веднаш ќе го проследиме до неколку организации и фондации” “Лично сметам дека оваа обука ќе придонесе за подобрување на мојата работа на тој начин што ќе ги имплементирам знаењата стекнати на овој семинар во сите фази од проектниот циклус. Сега веќе имам многу идеи кои знам како да ги спроведам што можеби беше хендикеп пред да ја поминам обукава. Моето мислење е дека секоја граѓанска организација треба да има обучен и адекватен тим кој ќе работи професионално на проекти за да има некаков резултат целиот труд и ангажман. Затоа сметам дека ваквите обуки треба да се интензивираат и понатаму”
„Ова е наше прво присуство на обука што ја организира МЦМС и мислам дека има потреба повторно да бидеме повикани на обука од оваа проблематика. Задоволен сум од обуката и мислам дека многу ќе ми користи тоа што го разговаравме овде“ Љупчо Наумоски од Министерство за надворешни работи...
“Тоа е тоа што ми треба! Имав доста проблеми околу архивското работење и мислам дека конечно ќе ги решам тие проблеми, а со тоа во иднина се надевам на професионално вработување” „Во ЕСА вршам административни и преведувачки работи повеќе од 5 години. Ова ми е втора обука за архивско работење и тие навистина ми помагаат како исправно да работам на таа проблематика. Мислам дека по овие обука, ќе работам архивско работење според сите прописи” „Го постигнавме она за кое верувам сите бевме дојдени – сфативме дека стратешкиот и организиран начин на размена на информации со јавноста значително ќе го зголемат рејтингот на нашата организација, додека спонтаноста и непознавањето на односите со јавноста можат да н# чинат многу” “Немам искуство од оваа област. Обуката ми беше добредојдена. Сега знам на каков начин треба да им пристапам на донаторите, како да подготвам аппликација. Во групата имаше добра клима за работа. Се надевам дека ова што го научив на обуката ќе ми помогне во пристапот до нив” „Редовните обуки на МЦМС придонесоа за зајакнување на човечките ресурси во НВО и особено ги подобрија институционалните и организациските капацитети со обуки за соодветни организациски системи и процедури за формулација, мониторинг и евалуација на проекти. Обуката за Раководење со проектен циклус на МЦМС се смета за веројатно најдобрата која во моментов се нуди во Македонија.“ „Програмите за организациска поддршка на МЦМС се екстремно релевантни и важни за вклучените организации. „Компонентата за обука беше најрелевантна, најефикасна и најефективна компонента од активностите на мрежата. Обуката е со висок квалитет, обучувачите имаат високи стандарди, а оценката од страна на учесниците е многу позитивна.“ “Како учесник во обуката за стратешко планирање ги согледав слабите и јаките страни на мојата организација, како и нејзиното место во надворешното опкружување што е основен предуслов за преземање понатамошни чекори и креирање развојни интервенции со цел јакнење и успешен развој на мојата матична организација. Препорачувам да бидете дел од една ваква обука, бидејќи стекнатите знаења и вештини ќе можете да ги искористите во своето секојдневно работење и подготовка на стратешки план на вашата организација што е услов за нејзино успешно функционирање, спроведување на активностите и градење на имиџот“ “Немам искуство од оваа област. Обуката ми беше добредојдена. Сега знам на каков начин треба да им пристапам на донаторите, како да подготвам аппликација. Во групата имаше добра клима за работа. Се надевам дека ова што го научив на обуката ќе ми помогне во пристапот до нив” „Со целото мое досегашно искуство, можам да кажам дека една ваква обука вистински ми недостигаше. Обуката придонесе да се здобијам со нови знаења кои веќе почнав да ги користам во раководењето со ансамблот“ “Родовите односи и развојот се сосема нов приод. Обуката ми помогна да научам да ги препознавам работите и односите. Сметам дека најкорисната работа во обукава е тоа што може да се примени во секојдневната работа на “женските” здруженија на граѓани и во секојдневниот живот на секоја жена. Потребно е организациите повидливо да ја вклучат родовата компонента во соите програми и генерално во своето работење“. „Предавачите ни го привлекоа вниманието и имаше масовно учество на присутните за време на предавањето. За прв пат видов на едно место претставници на централната и на локалните власти што го сметам за добра идеја. Без разлика на разликите во возрасната структура, сите имаа одлична комуникација. Ова е убава можност за вклучување на граѓаните во насочување на локалната и централната власт“ „Обуката сметам дека беше корисна поради тоа што научив многу нови работи, кои ќе ми бидат од голема корист во мојот понатамошен професионален развој. Најголем впечаток ми остави делот кој се однесуваше на апликациите за работните планови, бидејќи сметам дека без овие алатки не може да се оценат вредностите и квалитетите на еден работник“. „Искуствата стекнати од оваа обука ќе ги применам во раководењето со моето одделение. Исто така, со оваа обука ја воочив разликата помеѓу работењето на одделението со план и без план за работа. Најголем впечаток ми остави сесијата за тимско работење, односно пречките за работа во тим и изнаоѓање решенија за нивно отстранување“. „Работам на непосредна социјална заштита, значи со маргинализирани категории луѓе и секојдневно се соочувам со дискриминацијата. Кога дојдов на обуката мислев дека знам речиси се, ама открив дека сум била во заблуда. И открив дека некогаш несвесно и несакајќи и сама сум била во улога на дискриминатор но, и во улога на жртва на дискриминација. Не велам дека по обуката преку ноќ ќе се сменам, ама сигурно ќе бидам повнимателна и ќе имам повеќе обѕир кон одредени категории луѓе“. „Има работи што прв пат ги дознавам на обукава. Мислам дека до сега не сум ги препознавала и верувам дека ќе ми користат во работата. Од учеството на обуките обично изготвуваме извештаи. Заедно со мојата колешка ќе подготвиме и презентација за останатите колеги, мислам дека ќе им биде интересно да ги слушнат овие работи“. „Предавачите беа одлични, а материјата обемна и комплицирана за усвојување за толку кратко време. Не сум работел до сега на проект и ако се нафатиме да аплицираме за европските фондови ќе ни биде потребно водење низ процесот. Разбрав дека во другите компоненти на ИПА фондовите ќе има простор за аплицирање од страна на малите и средни претпријатија и тогаш ќе ги примениме знаењата и вештините стекнати на обуката“. „Добро е што МЦМС води грижа за верските заедници и добро е што обуката е само за нас, бидејќи се разликуваме од класичните организации. Користејќи ги примерите од надвор обучувачите успешно ги пренаменуваат за нас. Впечаток ми остави практичната работа, органограмот, пишувањето огласи за работа итн. Обучувачите професионално ни го пренесуваа знаењето“. „Ова ми е прв пат да учествувам на обука за недискриминација и морам да кажам дека ми ги надмина очекувањата. Обуката ми ги отвори очите во поглед на работите што не сум ги препознавала како дискриминација. Мислам дека свесноста дефинитивно се подобрува, барем во насока на тоа ранливите групи да го добијат истиот третман. Сепак, потребна е понатамошна сензибилизација на оние кои се во директен контакт со овие групи луѓе“. „Сметам дека оваа обука е корисна, иако имам познавања за дел од оваа материја, сметам дека оваа обука во иднина ќе ми помогне во правилно и праведно постапување во мојата работа. Оваа обука беше корисна поради фактот што одредени работи се сметаат за табу теми во нашето општество, но факт е дека човекот се раѓа со човековите права кои треба да се почитуваат во сите периоди од неговиот живот. Овој тип на обука треба исто така да се применува и на пониски по ранг позиции во МВР, односно на оние службеници кои се во директен контакт со граѓаните“. |