Фестивалот на граѓанските организации во знакот на борбата со КОВИД-19 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Фестивалот на граѓанските организации во знакот на борбата со КОВИД-19 PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 19 октомври 2020 16:54

Над 80 граѓански организации го искористија саботниот сончев ден и ги претставија своите здруженија пред граѓаните во Градскиот парк околу Школка како дел од Фестивалот на Цивика мобилитас, „Ден на граѓанските организации“. Оваа година фестивалот се одржуваше во услови на пандемија, а истовремено ги славеше успесите и одговорот кој го дадоа организациите во справувањето со истата. Како што напомена амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Сибил Сутер Тејада, овој ден и Фестивалот на Цивика мобилитис е пример за тоа како и покрај рекордните 86 организации на граѓанското општество е возможно да се почитуваат мерките за безбедност додека се прикажува работата и активностите на организациите на граѓанското општество.

 dsc8832

Програмата, како и секоја претходна година, ја сочинуваа бројни и разнолични активности. Организациите им го свртеа вниманието на минувачите преку квизови, игри, работилници, изложби, драмски изведби и видео проекции. Граѓаните имаа можност да се информираат за тоа како да станат поодговорни при употребата на природните ресурси, како да станат донатори и да придонесат во своите локални заедници, каде да бараат повеќе информации за различните облици на трговијата со луѓе, кој може да им даде бесплатни правни совети, со кого да разговараат за менталното здравје и да се тестираат за ХИВ и веднаш да ги добијат резултатите. 

Оваа година главен покровител на Фестивалот беше сопругата на Претседателот, Елизабета Ѓоргиевска. За време на официјалното отворање таа посочи дека овој настан и послужил да се запознае со нови организации и да се информира за многу активности со кои не била во тек. „Верувам дека ниту пандемијата на Ковид 19, ниту било што друго не смее да не поколеба и понатаму да останеме активни граѓани, да учествуваме во граѓанските иницијативи, да бидеме членови на невладините организации и да волонтираме“, додаде Ѓоргиевска.

dsc 7181

Гостинка на главната дискусија на Фестивалот беше Мила Царовска, министерка за образование. Со неа присутните дискутираа за активностите на здруженијата во поддршка на државниот одговор на КОВИД-19 кризата. „Граѓанските организации и партнерите брзо се реорганизираа со појавата на пандемијата. Целиот изминат период со граѓанските организации и инспекторатите имавме успешна координација и тоа придонесе за заштита на голем број работни места“, потенцираше Царовска за време на дискусијата.

Настрана од тоа, неминовно беше да се зборува за образовните процеси во време на пандемија, за наставниците, учениците и нивните семејства. По тој основ, министерката ги повика граѓанските организации да се вклучат во креирањето и поддршката на реформските процеси за квалитетно образование.

Оваа година Фестивалот на граѓанските организации се поклопи со Светскиот ден за борба против сиромаштијата, па неколку од хуманитарните организации имаа акции за собирање и дистрибуирање на прехранбени артикли и облека на лицата на кои им е најпотребно.

Неминовно е дека главната тема на овогодинешниот Фестивал беше справувањето со пандемијата, но истовремено и славењето на оние кои беа меѓу првите кои излегоа на терен за да помогнат, оние кои помогнаа во креирањето мерки за поуспешно надминување на пандемијата и оние кои секогаш во преден план ги имаат потребите на нивните заедници.

 dsc8881

 dsc8544

 

 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Фестивалот на граѓанските организации во знакот на борбата со КОВИД-19