За истражувањата и публикациите - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

За истражувањата и публикациите PDF Печати Е-пошта

Еден од методите на работа на МЦМС е застапувањето кое е сфатено како меѓусебно преплетување и поддржување на повеќе активности: градење свест и едукација, влијание врз јавните политики и следење и барање одговорност.

Истражувањето е еден од основните процеси што ги спојува претходните. МЦМС треба да создава притисок и лобира за решавање на прашањата од поширок општествен интерес но, на проверени и потврдени податоци кои најчесто се добиваат по пат на истражувања. Дебатите можат да бидат добро аргументирани ако се потпираа на докази.

Своите истражувањата МЦМС ги спроведува со сопствени ресурси или со помош на надворешни соработници и тоа како примарни или секундарни истражувања. Во зависност од темата, истражувањата користат различни инструменти: прашалници, длабински интервјуа, анализа на содржина, студии на случај, статистички анализи итн.

МЦМС ги публикува сите свои истражувања. Освен истражувањата, МЦМС издава и многу други публикации претежно поврзани со главните теми на кои работи.     Публикувањето, треба да ги направи подостапни информациите на тие теми и да овозможи нивно споделување кај поширок круг луѓе. Ова е уште еден начин да се поттикне аргументирана и информирана расправа за важните општествени прашања.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации За истражувањата и публикациите