Пријава за настан за споделување искуство за практиките за транспарентност на ГО - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Пријава за настан за споделување искуство за практиките за транспарентност на ГО PDF Печати Е-пошта
Петок, 30 октомври 2020 12:42

dfds

МЦМС има чест да Ве покани да бидете дел од настанот за споделување на знаење и искуство со фокус на практиките за транспарентност на граѓанските организации од Словенија: „Дали транспарентноста може навистина да ни помогне? Различни пристапи на ГО за зголемување на транспарентноста“ кој ќе се одржи на 6 ноември (петок) 2020 г., од 11:00 до 12:30 часот на платформата ZOOM.

Целта на овој настан е споделување на најдобрите практики од граѓанското општество во Словенија за поттикнување и подобрување на транспарентноста во секторот. За време на настанот ќе се стекнеме со знаења за практиките на транспарентност на четири различни граѓански организации од Словенија. Овие четири организации покриваат различни секторски области и се разликуваат во однос на типовите на активности кои ги спроведуваат. Конкретно, ќе се запознаеме со: Caritas Словенија кои главно работат со хуманитарна помош; Amnesty International Словенија кои претежно работат со прашања поврзани со човековите права; Екологисти без граници Словенија кои спроведуваат активности за заштита на животната средина; и ЦНВОС, чадор-организација во Словенија за помош на развојот на граѓанскиот сектор со фокус на зголемување на транспарентноста и отчетноста.

Преземи агенда

Регистрирај се за учество

Секој регистриран учесник ќе добие линк од ЗООМ за вклучување на настанот во текот на неделата.

Настанот ќе се одвива на англиски јазик со овозможен превод од англиски на македонски и обратно.

За повеќе информации, можете да ја контактирате Александра Савевска на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или: 070/414-669.

Настанот е организиран во рамките на програмата: „Одржливо граѓанско општество - државно финансирање на граѓански организации“ финансирана од Европската Унија.

Застапуваме за транспарентни и отчетни ГО!


Поврзани:

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Пријава за настан за споделување искуство за практиките за транспарентност на ГО