Консултации за новиот план за Отворено владино партнерство |
![]() |
![]() |
![]() |
Вторник, 20 март 2018 11:16 | |||
Состаноците ќе се одржат во ЕУ инфо центарот и ќе послужат за информирање за остварениот прогрес и прибирање предлог мерки и активности кои можат да се вклучат во новиот национален акциски план. Распоредот на одржување ќе биде:
Заинтересираните учесници треба да бидат претставници на граѓански организации кои работат во области релевантни за тематските состаноци. Потврдете го своето учество наведувајќи за кои тематски состаноци се пријавувате на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најдоцна до 23 март 2018. Владата на Република Македонија во 2011-та година пристапи кон глобалната инцијатива за Отворено владино партнерство - ОВП која претставува меѓународна платформа во рамките на која владите и граѓанските организации се залагаат за влади кои се поотворени и поодговорни кон граѓаните. Согласно обврските за сите земји кои се приклучија кон оваа инцијатива Владата до сега има усвоено три акциски планови во 2012-та, 2014-та и во 2016-та година за соодветните двегодишни периоди. Од почетокот на оваа година МИОА започна со подготовки на нов ОВП акциски план за периодот 2018-2020 во чија што подготовка има намера да ги вклучи сите релевантни чинители. Проектот „Национален ресурсен центар за граѓански организации“ е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи-АДИ од Гостивар и Медиа плус од Штип.
|