25 години МЦМС |
![]() |
![]() |
![]() |
Четврток, 22 март 2018 13:26 | |||
Почитувани пријатели,
После 25 години, растежот и промените се воочливи. Промените се добри, особено ако водат кон добри резултати, а МЦМС има многу такви. Почнувајќи од денес, во периодот што претстои, се до 14 декември, кога ќе го одбележиме роденденот, ќе ги споделиме со вас резултатите постигнати во претходниот четврт век работа. Уште еднаш ќе се потсетиме на важните работи заради кои го доживеавме 25-тиот роденден и заради кои ќе продолжиме да работиме и придонесуваме во решавањето на новите важни работи кои ни престојат, не само на нас како организација туку и на македонското општество од кое сме дел.
|