Познати добитниците на наградите за граѓанско новинарство - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Познати добитниците на наградите за граѓанско новинарство PDF Печати Е-пошта
Среда, 14 март 2018 13:38

Тони Таневски за приказната „Епидемија поради заразена вода“, Марина Тошеска за приказната „Детските градинки – предизвици за родителите“ и Викторија Јанева за приказната „НЕ за справување со медицинскиот отпад“ се тројцата граѓански новинари и трите прво наградени приказни на вториот конкурс за избор на приказни и фотографии од граѓански новинари што го организираа Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Телевизија Телма. Во категоријата фотографии, наградени се Марјан Јаневски, Бојан Велески, Емил Новевски и Робер Паноски за фотографии на тема екологија и дискриминација.

Poznati dobitnicite na nagradite za gragjansko novinarstvo

Покрај ова, во категоријата приказни, беа доделени и две признанија и тоа на Даниела Прнарова за „Очи без сенка срам“ и на Здравко Тумбовски, за „Случувањата во Здружението на пензионери на Македонија“.

Вториот по ред конкурс за граѓански новинари беше отворен во периодот од 25 декември 2017 година до 11 февруари 2018 година. Темите за овој конкурс беа: образование (млади); екологија (загадување); корупција и дискриминација. До Комисијата за оценка на пријавите стигнаа вкупно 42 пријави и тоа 18 за категоријата приказни, и 24 за категоријата фотографии/видеа.

Наградените ќе добијат ваучери со кои ќе можат да купат опрема за понатамошно практикување на граѓанското новинарство. Вкупниот фонд на награди од овој конкурс изнесува 150.000 денари.

Конкурсот за граѓанско новинарство е една од активностите од проектот „Топ тема на ваша страна“ што го спроведуваат Телевизија Телма и МЦМС, а финансиски е поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД).

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Познати добитниците на наградите за граѓанско новинарство