Консултации за новиот план за Отворено владино партнерство - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Консултации за новиот план за Отворено владино партнерство PDF Print E-mail
Tuesday, 20 March 2018 11:16

20180320 Otvoreno vladino partnerstvoМинистерството за информатичко општество и администрација (МИОА) со поддршка на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) преку проектот „Национален ресурсен центар за граѓански организации” ги покануваат заинтересираните претставници на граѓански организации да учествувате на тематските состаноци за четвртиот национален Акциски план за Отворено владино партнерство 2018 – 2020.

Состаноците ќе се одржат во ЕУ инфо центарот и ќе послужат за информирање за остварениот прогрес и прибирање предлог мерки и активности кои можат да се вклучат во новиот национален акциски план.

Распоредот на одржување ќе биде:

Заинтересираните учесници треба да бидат претставници на граѓански организации кои работат во области релевантни за тематските состаноци. Потврдете го своето учество наведувајќи за кои тематски состаноци се пријавувате на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it најдоцна до 23 март 2018.

Владата на Република Македонија во 2011-та година пристапи кон глобалната инцијатива за Отворено владино партнерство - ОВП која претставува меѓународна платформа во рамките на која владите и граѓанските организации се залагаат за влади кои се поотворени и поодговорни кон граѓаните. Согласно обврските за сите земји кои се приклучија кон оваа инцијатива Владата до сега има усвоено три акциски планови во 2012-та, 2014-та и во 2016-та година за соодветните двегодишни периоди. Од почетокот на оваа година МИОА започна со подготовки на нов ОВП акциски план за периодот 2018-2020 во чија што подготовка има намера да ги вклучи сите релевантни чинители.

Проектот „Национален ресурсен центар за граѓански организации“ е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи-АДИ од Гостивар и Медиа плус од Штип.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Консултации за новиот план за Отворено владино партнерство