Презентациски и вештини за обучување за судиите, обвинителите, адвокатите... |
Петок, 30 септември 2011 00:00 | |||
На тема презентациски вештини и обука за обучувачи МЦМС, на барање на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Македонија, во јули и септември, обучуваше судии, јавни обвинители, адвокати, претставници на: Министерството за внатрешни работи – оддел за организиран криминал и Управата за финансиска полиција. Вкупно 21 претставник на овие институции, во петдневната обука имаа можност да слушнат за правилата на комуникација и причините за прекин на комуникацијата, за стиловите на комуникација, за активното слушање и за фидбекот. Дел од обуката се однесуваше на циклусот на учење кај возрасните, подготовката на презентации, техниките на фацилитација и фацилитаторските вештини. Во вториот дел од обуката, учесниците во групи по двајца или тројца имаа задача самите да подготват сесија за обука применувајќи дел од вештините и техниките што ги научија на обуката. Речиси сите теми на кои работеа учесниците се однесуваа на новините во Законот за кривична постапка. Обучените се стекнаа со вештини кои ќе им помогнат понатаму да ги обучат нивните колеги за да можат подготвено да го пречекаат периодот на спроведување на Законот. Самиот Закон и измените во него ќе бидат предмет на други обуки, расправи и дискусии со кои ќе бидат опфатени учесниците на обуката. Обуката ја спроведоа Гонце Јаковлеска и Валентина Чичева, обучувачи на МЦМС.
|