Презентациски и вештини за обучување за судиите, обвинителите, адвокатите... - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Презентациски и вештини за обучување за судиите, обвинителите, адвокатите... PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 30 shtator 2011 00:00

На тема презентациски вештини и обука за обучувачи МЦМС, на барање на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Македонија, во јули и септември, обучуваше судии, јавни обвинители, адвокати, претставници на: Министерството за внатрешни работи – оддел за организиран криминал и Управата за финансиска полиција.

Презентациски и вештини за обучување за судиите, обвинителите, адвокатите...

Вкупно 21 претставник на овие институции, во петдневната обука имаа можност да слушнат за правилата на комуникација и причините за прекин на комуникацијата, за стиловите на комуникација, за активното слушање и за фидбекот. Дел од обуката се однесуваше на циклусот на учење кај возрасните, подготовката на презентации, техниките на фацилитација и фацилитаторските вештини. Во вториот дел од обуката, учесниците во групи по двајца или тројца имаа задача самите да подготват сесија за обука применувајќи дел од вештините и техниките што ги научија на обуката.

Презентациски и вештини за обучување за судиите, обвинителите, адвокатите...

Речиси сите теми на кои работеа учесниците се однесуваа на новините во Законот за кривична постапка. Обучените се стекнаа со вештини кои ќе им помогнат понатаму да ги обучат нивните колеги за да можат подготвено да го пречекаат периодот на спроведување на Законот.

Самиот Закон и измените во него ќе бидат предмет на други обуки, расправи и дискусии со кои ќе бидат опфатени учесниците на обуката.

Обуката ја спроведоа Гонце Јаковлеска и Валентина Чичева, обучувачи на МЦМС.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Презентациски и вештини за обучување за судиите, обвинителите, адвокатите...