Истражувачки вештини за подобро влијание на политиките - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Истражувачки вештини за подобро влијание на политиките PDF Печати Е-пошта
Четврток, 29 септември 2011 00:00

На 12 и 13 септември се одржа обука за Методи и инструменти за прибирање податоци за вработените во Агенцијата за остварување на правата на заедниците и граѓански организации на немнозинските заедници во Македонија.

istrazuvacki-vestini

Учесниците научија како да пронајдат релевантни податоци и анализи од други извори и да направат осврт на литература. Тие се здобија и со основни знаења за анкетирање, односно за подготовка на прашалникот, за примерокот и за начините на анкетирање. Квалитативните методи на истражувањето, фокус-група, интервју и студија на случај, исто така беа презентирани пред учесниците. Им беа презентирани и повеќе алатки, програми и начини за организирање, чување и анализирање на податоците. Учесниците се запознаа и со основните правила за подготовка на квалитетни аналитички извештаи и анализи на политики. Според изјавите на учесниците, обуката беше корисна, а стекнатите знаења ќе се применуваат во нивната секојдневна работа.

Обуката ја организираше ОБСЕ, а ја спроведоа Миша Поповиќ и Ненад Марковиќ од Институтот за демократија и Адис Рахиќ од МЦМС. Ова петта обука во рамките на проектот на МЦМС „Градење капацитети на Агенцијата за остварување на правата на заедниците", кој се спроведува во соработка со ОБСЕ. Претходно беа одржани обуки за стратешко планирање, мобилизација на ресурси, односи со јавноста и раководење со проектен циклус.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Истражувачки вештини за подобро влијание на политиките