Започна локалната презентација на состојбата со граѓанското општество - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Започна локалната презентација на состојбата со граѓанското општество PDF Печати Е-пошта
Четврток, 10 Февруари 2011 10:39

Во рамките на акциско-истражувачкиот проект „Цивикус – Индекс на граѓанското општество (ИГО)“  МЦМС во соработка со локални граѓански организации организира регионални фокус групи за расправа на наодите од истражувачките активности за состојбата на граѓанското општество.

Започна локалната презентација на состојбата со граѓанското општество

ИГО го проценува граѓанскиот ангажман, нивото на организација, практикувањето вредности, перцепцијата на влијанието и надворешната околина на граѓанското општество. Истражувачките активности опфатија анкета со граѓанските организации, интервјуа со претставници на другите сектори, анкети на население, преглед на литература и прикази на случај. Учесниците во фокус групите исто така ги идентификуваат јаките и слабите страни на граѓанското општество и предлагаат активности за негов понатамошен развој.

Од 8 до 18 февруари 2011 г. се организираат шест фокус групи во Битола, Струга, Скопје, Штип, Велес и Куманово. На фокус групите учествуваат претставници на граѓанските организации, локалната самоуправа, претпријатијата, медиумите и универзитетите.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Започна локалната презентација на состојбата со граѓанското општество