Започна локалната презентација на состојбата со граѓанското општество - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Започна локалната презентација на состојбата со граѓанското општество PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 10 shkurt 2011 10:39

Во рамките на акциско-истражувачкиот проект „Цивикус – Индекс на граѓанското општество (ИГО)“  МЦМС во соработка со локални граѓански организации организира регионални фокус групи за расправа на наодите од истражувачките активности за состојбата на граѓанското општество.

Започна локалната презентација на состојбата со граѓанското општество

ИГО го проценува граѓанскиот ангажман, нивото на организација, практикувањето вредности, перцепцијата на влијанието и надворешната околина на граѓанското општество. Истражувачките активности опфатија анкета со граѓанските организации, интервјуа со претставници на другите сектори, анкети на население, преглед на литература и прикази на случај. Учесниците во фокус групите исто така ги идентификуваат јаките и слабите страни на граѓанското општество и предлагаат активности за негов понатамошен развој.

Од 8 до 18 февруари 2011 г. се организираат шест фокус групи во Битола, Струга, Скопје, Штип, Велес и Куманово. На фокус групите учествуваат претставници на граѓанските организации, локалната самоуправа, претпријатијата, медиумите и универзитетите.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Започна локалната презентација на состојбата со граѓанското општество