Вторник, 17 септември 2013 17:03 |
 На 6 септември 2013 година, во ОУ Браќа Рамиз-Хамид, се одржа третата форумска сесија во општина Шуто Оризари и на неа присуствуваа 129 граѓани и гости.
|
Понеделник, 16 септември 2013 08:11 |
 На четвртата форумска сесија од меѓу-општинскиот форум за Македонска Каменица и Делчево која се одржа на 3 јули 2013 година, во Спомен домот АСНОМ во Делчево граѓани од двете општини ја дадоа својата поддршка на четири проекти.
|
Сабота, 31 август 2013 11:57 |
 МЦМС ја истражуваше дали околината во која дејствуваат македонските претпријатија овозможува нивен одржлив раст.
За истражувањето беа користени неколку инструменти. Преку фокус групи со работодавачите беа идентификувани клучните пет актуелни ограничувања на бизнис-околината во Македонија.
|
Сабота, 31 август 2013 00:00 |
 Во почетокот на август, МЦМС го започна проектот „Информирање на земјоделците во општина Кривогаштани“ со кој ќе се воспостави и промовира механизам за поддршка и информирање на земјоделците и на ангажираните работници.
|
Петок, 30 август 2013 09:30 |
 Четиринаесет жени од Ростуше, Јанче, Требиште, Слупчане, Оризаре и Ваксинце, во август оваа година, започнаа со обука низ работа преку која ќе стекнат вештини за работа во угостителството и трговијата.
|