Економската вредност на непрофитниот сектор во Западен Балкан и Турција - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Економската вредност на непрофитниот сектор во Западен Балкан и Турција PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 28 декември 2015 14:50

BCSDNМЦМС, преку прибирање податоци, учествуваше во подготовката на првата студија за економската вредност на непрофитниот сектор во седум земји од Западен Балкан (Албанија, БиХ, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија) и Турција. Студијата опфаќа информации за економското влијание на секторот, ги мапира и илустрира финансиските капацитети, големината, резултатите и вредностите на секторот во однос на целокупната економија.

Турција е земјата во која има најголем број граѓански организации, 102.727 (во 2013 година) и најголем број вработени во организациите, во однос на другите земји – 50.976. Сепак, гледано процентуално, во однос на вкупниот број вработени, првото место му припаѓа на Косово, каде вработените во граѓанскиот сектор се 2,58% од вкупниот број на вработени, или во апсолутни бројки – 8.746.

Што се однесува до финансиите, со 1,34% учествуваат приходите на граѓанските организации во Турција во однос на бруто домашниот производ (БДП) на земјата, или во апсолутни бројки околу 8,3 милијарди евра. Најниското учество е забележано во Албанија, 0,25% од БДП на земјата, а за Косово и Босна и Херцеговина не постојат такви податоци.

Студијата го подржува процесот на легитимизација на граѓанското општество и неговите активности особено преку податоците за вработеноста и економскиот раст во непрофитниот сектор. Нејзината цел е и да ја унапреди достапноста на статистички информации за карактеристиките на финансиските и човечките ресурси на граѓанското општество. Таа треба да влијае и на свеста на клучните државни институции за важноста на секторот за општество и потребата за негова поддршка и одржливост преку државното финансирање и други извори на средства. Институциите треба е да ја препознаат економската вредност на секторот и да креираат клучни стратегии за одржување на економските и човекови ресурси во граѓанското општество.

Поглавјето со анализи за секоја земја поодделно, дава детално објаснување за ситуацијата со собирање на информации, предизвици, пречки, детални информации од секој партнер, како и специфични препораки за секоја земја со цел да се развијат кампањи за застапување и претставување на систематско и стандардизирано собирање на информации за непрофитниот сектор. 

Студијата ја подготви Дубравка Велат со поддршка од БЦСДН, а МЦМС учествуваше во неа како партнер во проектот „Аки (Acquis) на балканското граѓанско општество-јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“  и ја поддржа подготовката на делот за Македонија.

Студијата е достапна на англиски јазик, додека на македонски јазик во електронска верзија ќе биде достапна на веб-страницата на МЦМС на крајот на јануари 2016 г.


Поврзани:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Економската вредност на непрофитниот сектор во Западен Балкан и Турција