Комуникации и градење на заедницата - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Комуникации и градење на заедницата PDF Печати Е-пошта
Вторник, 24 ноември 2015 14:33

Регионалната канцеларија на проектот ТАКСО организираше регионална конференција на тема „Градење на заедницата и комуникација на граѓанските организации“. Конференцијата се одржа на 18-19 ноември 2015 во Сараево, а учествуваа претставници од Западен Балкан и Турција, активни во областа на комуникациите во граѓанскиот сектор.

Slika 2

Во најголем број случаи градењето на капацитети во комуникациите е лимитирано на односи со јавност или пак само на односи со медиумите. Затоа, фокус на оваа конференција беше градењето на врски со заедницата, односно како граѓанските организации комуницираат преку различни канали за да ги развијат врските со своите заедници.

„Граѓанските организации треба да бидат свесни за различната публика со која комуницираат и градењето на заедницата треба да биде еден од главните приоритети во остварувањето влијание и одржливос“, рече Јасенка Перовиќ, лидер на тимот на проектот ТАКСО.

Учесниците дискутираа за новите тактики на комуникација и нивната примена во градењето и унапредувањето на односите со заедницата. Преку споделување на најдобрите искуства и практики конференцијата придонесе за подобрување на вештините, знаењата и компетенциите на учесниците, посебно за признавањето на важноста и вредноста на заедниците.

Slika 4

Вториот ден учесниците работеа во работни групи, во кои се дискутираа за граѓанските организации како фасилитатори за промени во заедницата; за основните принципи за градење на заедницата; за тоа како да се добие и задржи довербата на заедницата и за активностите и алатките за градење на заедницата. Најдобрите практики и совети ќе бидат дел од Водичот за градење (развивање) врски со заедницата.

На конференцијата учествуваа пет претставници од Македонија, од различни граѓански организации: Балканска асоцијација за алтернативен туризам „Балканија“, Регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“ – Куманово, Граѓанска иницијатива Охрид С.О.С, Рурална коалиција и Млади инфо . Покрај нив, претставник на македонската канцеларија на проектот ТАКСО беше Валентина Атанасовска, заедно со Јасмина Чаушоска, претставник од Ресурсниот центар на проектот ТАКСО за Македонија - МЦМС.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Комуникации и градење на заедницата