Ден на граѓанските организации 2026 – Фестивал на Цивика мобилитас - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Ден на граѓанските организации 2026 – Фестивал на Цивика мобилитас PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 21 септември 2026 08:24

Со задоволство Ве покануваме да го посетите и да земете учество на овогодинешниот фестивал „Ден на граѓанските организации“ што ќе се одржи на 3 октомври во Градскиот парк во Скопје, кај фонтана „Лотос“ и споменикот на Гоце Делчев.

den na graganskite organizacii1

Цивика мобилитас фестивалот е најголемиот настан од ваков вид, каде нашата заедница и бројните граѓански организации ќе имаат можност и оваа година да се претстават пред граѓаните со цел информирање и остварување на интерактивни средби за работата и резултатите што ги остваруваат во проектите и програмите. Покрај ова, очекувајте од граѓанските организации да се претстават со голем број активности, како на пример квизови, интерактивни работилници, игри за млади, изложби, дебати, презентации и сл. проследени со музичка програма.

Годинава, во исто време и место со Фестивалот на Цивика мобилитас, ќе се одвива уште еден настан организиран од Слоу Фуд Водно (Slow Food Vodno), каде ќе може да ги поддржите локалните производители преку дегустација и купување на вкусна, здрава и одржлива храна.

Повеќе информации и конечната агенда ќе бидат споделени на оваа страна набрзо.

„Денот на граѓанските организации“ е одлична можност за граѓаните да се информираат, предложуваат и да се вклучат во иницијативите кои ги предводат здруженијата. На фестивалот ќе можете одблиску да се запознаете со граѓанските организациии, да поразговарате со нив и да се приклучите кон нивните активности.

Што ве очекува?
viber image 2026 09 28 15 27 01 974

Музичката програма на фестивалот „Ден на граѓанските организации“ ќе ја отвори бендот The Ringtones. Настапот започнува во 12:15 ч., во Градскиот парк, кај фонтаната „Лотос“.

Убавата музика во живо ќе биде совршена придружба за разговорите, работилниците и запознавањето со организациите што ќе се претстават на фестивалот. Втората половина од музичката програма е во знакот на електронската музика. Веднаш по настапот на бендот, ќе следи и настап на DJ UX (Андреја Јовановски). Влезот на фестивалот е слободен и отворен за сите!

1920x1080

Facebook event
Претходни фестивали

 





 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Ден на граѓанските организации 2026 – Фестивал на Цивика мобилитас