МЦМС во медиумите - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС во медиумите
Утрински весник: Опаѓа популарноста на ВМРО-ДПМНЕ PDF Печати Е-пошта
Среда, 06 Февруари 2008 01:00

Најновото истражување на МЦМС кое работеше на испитување на степенот на општествената одговорност на граѓаните покажа пад на рејтингот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а промената на процентите одат во прилог на СДСМ. На прашањето „Која политичка партија ја чувствувате како своја“ 19,3 од испитаниците одговориле дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ, додека 13,2 процента се изјасниле за опозициската СДСМ. За споредба, претходната сондажа на ИРИ покажа дека ВМРО-ДПМНЕ има поддршка кај 26 проценти од испитаниците, додека нејзиниот опонент СДСМ имаше 11 проценти.

 
А1: МЦМС: Сите големи партии имаат слични шанси на избори PDF Печати Е-пошта
Вторник, 05 Февруари 2008 01:00

Сите партии од големата четворка во Македонија имаат подеднакво слични шанси за победа, доколку утре би се одржале избори. Вака вели последната анкета реализирана од невладината МЦМС во соработка со Институтот за социолошко-политички истражувања.

 
Утрински весник: МЦМС: Низок јавен дух и големи очекувања од државата PDF Печати Е-пошта
Среда, 30 јануари 2008 01:00

Мнозинството граѓани (52,9 отсто) сметаат дека државата е најодговорна за решавањето на општествените потреби. Вербата во солидарноста на граѓаните е зголемена на 39,3 отсто од 26,4 отсто во претходната година. Постои висока согласност (92,1 отсто) дека новиот развој, вработувањето и оспособувањето на граѓаните се решение за проблемите, се вели во најновиот извештај што вчера го промовираше Македонскиот центар за меѓународна соработка, како резултат на истражувањето „Општествена одговорност на граѓаните“ кое се спроведува по вторпат.

 
Вечер: Отворена Црковно народна кујна PDF Печати Е-пошта
Петок, 23 ноември 2007 01:00

Вчера во Велес беше отворена црковно-народна кујна. Со донација на Епархијата повардарска, МЦМС и Општината Велес, дневен топол оброк ќе добиваат од 150 до 180 сиромашни граѓани.

 
Утрински весник: Oтворен шестиот саем на невладини организации PDF Печати Е-пошта
Сабота, 17 ноември 2007 01:00

Под мотото „Различни а еднакви“ вчера беше отворен шестиот НВО-саем, на кој учествуваат околу 130 невладини организации и здруженија на граѓани. Темата на овој саем е „Еднакви можности за сите“, чија цел е да се информира јавноста со активностите на граѓанскиот сектор, да се зголеми соработката меѓу НВО-секторот и да се поттикнува дијалог.

 


Страна 29 од 45
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите