МЦМС во медиумите - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС во медиумите
Сител: Амбасадите сеуште ги малтретираат граѓаните PDF Печати Е-пошта
Среда, 25 јуни 2008 01:00
viza

Нема ни абер од визното олеснување!

Многу граѓани се уште го немаат почувствувано наводно олеснетиот визен режим. Дел од нив наместо за договорените максимум 10 дена, за визи чекаат многу подолго, притоа соочувајќи се со каприциозни услови кои ад хок им ги наметнуваат амбасадите, а кои согласно Спо [ … ]

 
Време: ВИЗНОТО ОЛЕСНУВАЊЕ ПОД ЛУПА PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 23 јуни 2008 01:00

Амбасадите на Германија и на Италија се меѓу дипломатските претставништва во земјава што најчесто ја кршат Спогодбата за визно олеснување и не ја почитуваат процедурата за олеснет визен режим меѓу Македонија и членките на Европската унија. Овие две амбасади се посочени од граѓаните, кои на отворената инфолинија од Македонскиот центар за меѓународна соработка ги соопштуваа сите проблеми на кои наишле по аплицирањето за визи.

 
Дневник: Инфо-линија за олеснетиот визен режим PDF Печати Е-пошта
Среда, 11 јуни 2008 01:00

Преку специјална инфо-линија граѓаните од денеска ќе може да се информираат за своите права од новиот договор за олеснување на визниот режим, но и да ги кажат своите искуства од барањето виза. Линијата е дел од проектот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за набљудување на визното олеснување во Македонија.

 
Утрински весник: Издавањето визи под мониторинг PDF Печати Е-пошта
Среда, 11 јуни 2008 01:00

Македонските граѓани од вчера ќе можат да се пожалат или да се пофалат на работењето на амбасадите на земјите од ЕУ во Македонија, т.е. спроведувањето на визното олеснување кон нашата земја и тоа да биде забележано и потоа презентирано пред европските институции. Инфотелефонскиот број 02/3065 381 и анкетари пред одбрани амбасади ќе ги распрашуваат барателите на визи како се спроведува либерализацијата која стапи во сила на 1 јануари.

 
Вечер: ВИЗНАТА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА ПОД МОНИТОРИНГ PDF Печати Е-пошта
Среда, 11 јуни 2008 01:00

Шест месеци по Спогодбата за визни олеснувања за одредени категории граѓани кои сакаат да добијат шенген визи, Македонскиот центар за меѓународна соработка започна истражување со цел да се види колку граѓаните реално ги чувствуваат бенефитите од овој договор.

 


Страна 28 од 45

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите