Вечер: Европска година за еднакви можности |
Сабота, 17 ноември 2007 01:00 | |||
На Скопскиот саем вчера беше отворен и шестиот по ред саем на невладини организации. Под мотото Различни, а еднакви" 130 НВО од целата држава ја информираа јавноста за своите активности на вчера отворениот саем на невладини организации, кој има за цел зголемена соработка меѓу НВО и поттикнување на дијалогот меѓу актерите во општеството.
- НВО делуваат поинаку од владините институции. Суштината на нивно делување го прави поврзувањето на поединци без посредување или контрола од страна на државата со цел остварување на некои заеднички цели или афинитети. Тие се раѓаат како алтернатива во решавање на некои заеднички проблеми во разни сфери на човековите дејности кои не успеваат да бидат решени или затоа што постоечките државни институции не ги решаваат на задоволителен начин, изјави вчера претседателот Бранко Црвенковски, кој го отвори саемот. Според Сашо Клековски, извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка МЦМС, темата на овој саем "Еднакви можности за сите" не поврзува со европската година за еднакви можности, а мотото не потсетува дека различноста не треба да биде пречка во нашето секојдневие, туку напротив дека таа треба да се јакне. (Д.Т.) Извор: Вечер (17.ноември.2007)
|