А1: Граѓаните не им веруваат многу на институциите |
Среда, 10 октомври 2007 01:00 | |||
Македонските граѓани не им веруваат многу на институциите. Тоа го покажуваат резултатите од спроведената анкета на Македонскиот центар за меѓународна соработка врз 1.601 испитаник. Доверба во институции
Од институциите, медиумите се со најголема доверба, но и најголем пад. Скоро 53% им веруваат на медиумите, 47% не. По нив следи приватниот сектор, а најмалку граѓаните им веруваат на политичките партии, дури 76%. Од државниот сектор испитаниците најмногу им веруваат на образовните институции. Така одговориле 68%. Се уште висока доверба има АРМ, но и полицијата. Владата, и покрај зголемената доверба, заедно со Претседателот и Собранието остануваат со низок праг доверба. Во Владата веруваат 46% од испитаниците, во Претседателот 35%, а во Собранието 32%. Во судството 78% од граѓаните немаат доверба. Доверба во државниот сектор
„Она што е посебно за истакнување овојпат е дека истиот тренд може да се забележи во довербата во полицијата. Значи, еднаква е довербата и на етничките Македонци и на етничките Албанци во полицијата, што е мала промена во однос на минатата година“, изјави Александар Кржаловски, МЦМС. Доверба во професии:
Мнозинството од испитаниците одговориле дека граѓанските организации служат за доаѓање до пари на поединци, а дури 70% дека се злоупотребуваат од политичките партии. Дури 60% немале одговор кои граѓански организации придонесуваат за борба со корупцијата, а 72% не знаеле кои придонесуваат за економскиот развој. Извор: А1 (10.10.2007)
|