А1: Спроведена ресоцијализација на бранители и припадници на ОНА |
Четврток, 12 јули 2007 01:00 | |||
Македонскиот центар за меѓународна соработка денеска информираше дека го спровел проектот „Ресоцијализација на околу 600 бранители и припадници на ОНА вклучени во конфликтот од 2001-вата“. Учеле англиски јазик и компјутери, а дел од нив работеле во разни фирми. Целта, тврдат во МЦМС, била да се превенира социјалното исклучување на овие луѓе, како и нивните асоцијални и потенцијално опасни однесувања. Во МЦМС негираат дека објавувањето на извештајот коинцидира со барањето на припадниците на ОНА за добивање пари од државата. Извор: А1 (12.07.2007)
|