Време: Бранителите и учките учеа компјутери, но не заедно - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Време: Бранителите и учките учеа компјутери, но не заедно PDF Печати Е-пошта
Петок, 13 јули 2007 01:00

За бранителите на Македонија од конфликтот во 2001 и поранешните учки Македонскиот центар за меѓународна соработка организираше курсеви за компјутери, за англиски јазик и за самовработување.

Според МЦМС, нерешените проблеми на учесниците во конфликтот од двете страни претставуваа потенцијална опасност за стабилноста на земјата, оти тлееше незадоволство на двете страни.
Сепак бранителите на Македонија и учките не учествувале на заеднички активности, а ни на прес-конференцијата немаше нивни претставници. Од МЦМС признаа дека има отпор за соработка.
С.Р.

Извор: Време (13.Јули.2007)

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Време: Бранителите и учките учеа компјутери, но не заедно