Совладајте ги вештините за граѓанско новинарство - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Совладајте ги вештините за граѓанско новинарство PDF Печати Е-пошта
Среда, 31 јануари 2018 14:45

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Телевизија Телма, ќе ја организира петтата по ред обука за граѓанско новинарство на 8 и 9 февруари 2018 година во Охрид.

obuka za gragansko novinarstvo oglas

Обуката е можност заинтересираните да се стекнат со знаења и практични вештини од оваа област. Покрај теоретскиот, обуката опфаќа и практичен дел за пишување на новинарски стории, фото и видео новинарство, етиката во граѓанското новинарство и социјални медиуми како канали на комуникација.

Во текот на 2017 година, преку обуките за граѓанско новинарство беа обучени 67 претставници на граѓански организации и граѓански активисти. 

Веќе не станува збор за тоа дали граѓанското новинарство може да го промени светот, туку колку и како ќе го направи тоа. Граѓаните кои сведочат за проблемите, неправдите имаат можност да ги споделат тие информации и на тој начин да влијаат на дебатата за темите што им се од интерес и на носителите на одлуките на локално или национално ниво.

Обуката ќе ви овоможи поефективно да ги напишете или на друг начин да ги регистрирате вашите приказни и да ги споделите со другите. 

За повеќе информации погледнете го огласот за обукатаРокот за пријавување е до 2 февруари 2018 година.

Обуката е дел од проектот „Топ тема на ваша страна“ што ја спроведуваат Телевизија Телма и МЦМС, а финансиски е подржана од УСАИД. 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Совладајте ги вештините за граѓанско новинарство