Топ тема на ваша страна |
![]() |
![]() |
![]() |
Петок, 18 ноември 2016 16:32 | |||
Општа цел на проектот е да се зголеми плурализмот и транспарентноста во медиумската средина и/или да се зголеми пристапот на граѓаните до информации преку дистрибуирана содржина и креирање атмосфера со информирани и активни граѓани кои знаат како да ги искажат своите интереси, да делуваат заеднички и да бараат отчет од носителите на јавни функции. Целта на проектот е создавање информирано граѓанство кое е способно да ја креира својата иднина преку изразување на своите преференци, дебати и аргументирана дискусија презентирани во информативна емисија „Топ тема на ваша страна“. Целна група се граѓаните и гледачите како корисници на информации, граѓанските организации, маргинализирани групи, млади лидери и успешни жени, носители на јавни функции и политичари, експерти и граѓански активисти и целата јавност. Дел од целната група исто така ќе бидат и новинари, оние инволвирани во проектот, но и тие кои ќе бидат изложени на ново и различно функционирање на медиумот преку имплементација на активностите, што ќе придонесе кон подобрување на содржината, поактивни граѓани и вклучени гледачи. Директни корисници се гледачите како корисници на информации, граѓанските организации. Целно подрачје е територијата на Република Македонија. Очекувани резултати на проектот се:
Резултатите ќе се постигнат низ три групи активности. Продукт од проектот ќе биде информативна политичка емисија со наслов „Топ тема на ваша страна“, која ќе биде емитувана три пати неделно. Со употреба на новите медиуми ќе се обезбеди интеракција со публиката која традиционалните медиуми како што е телевизијата, заради природата на нивното функционирање, не ја обезбедуваат. Продукти од проектот ќе бидат и: публикации во кои ќе бидат објавени резултатите од спроведените истражувања, обуки за граѓанско новинарство, натпревари за фотографија и стории со потенцијал да бидат вести. МЦМС ќе го спроведе проектот во партнерство со Телевизија Телма. Периодот на спроведување е 1 октомври 2016 г. – 30 септември 2018 г. Потребните финансиски ресурси се обезбедени од Агенција за меѓународен развој на САД (УСАИД). Буџетот изнесува 7.376.400 МКД. Веб-страница на проектот: https://telma.com.mk/kategorija/top-tema-na-vasha-strana/
|