Проекти за модернизација на образованието - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Проекти за модернизација на образованието PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 13 октомври 2008 14:59

pmoВо периодот од 2007 до 2015 година МЦМС со финансиска поддршка од Сокотаб  од Швајцарија и неговите партнери успешно реализираше 20 акции за реновирање на  рурални основни училишта, од претходно селектирани општини каде што претежно се одгледува ориентален тутун.

Општа цел е подобрени услови за учење и работа за учениците и персоналот во основните училишта.

Целта е условите во основните училишта се доведени во прифатливи стандарди во согласност со големината и потребите на училиштето.

Активностите подразбираат: Изработка на техничка документација и нејзина ревизија; Изготвување на целокупната документација за поддршка и финансирање на проектите; Подготовка и спроведување на тендери за избор на изведувачи и стручен надзор; Координација и соработка со сите вклучени актери; Набљудување и мониторинг на изведбените работи;  Известување (тековно и завршно) и оценување.

Целна група на проектот се ученици и вработени во основно училиште.

Сите проекти се реализираат во блиска соработка со претставници на општините, основните училишта и Сокомак.

 

Проекти:

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми