Реновирање на основни училишта во рурални заедници 2011 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Реновирање на основни училишта во рурални заедници 2011 PDF Печати Е-пошта

062Општа цел на проектот беше подобрени услови за учење и работа за учениците и персоналот во основните училишта.

Цел на проектот беше условите во основните училишта да се доведени во прифатливи стандарди во согласност со големината и потребите на училиштето.

Целна група на проектот беа учениците и вработените во основните училишта: Гоце Делчев во Демир Хисар и Манчу Матак во Кривогаштани. Директни корисници се 623 ученици и 90 вработени од две основни училишта.

Постигнати резултати од проектот се: реконструирани 6 санитарни јазли и прозорци на приземјето во ОУ Гоце Делчев во Демир Хисар и поставени нови подови во 8 училници, обработени ходници и реконструирани дел од прозорци на приземје и кат во ОУ Манчу Матак во с.Кривогаштани.  

Овa иницијатива претставува продолжение од претходните четири години, односно Сокотаб од Швајцарија во соработка со своите партнери обезбеди нови средства за понатамошно реновирање/опремување на руралните училишта во региони каде преовладува производството на ориентален тутун.

На 5 октомври 2011 г. во присуство на делегација од Сокотаб од Швајцарија, градоначалникот и голем број присутни од локалната заедница свечено беше пуштено во употреба реконструираното основновно училиште „Гоце Делчев”, општина Демир Хисар. Очигледно беше задоволството од постигнатите резултати кај сите присутни, посебно кај учениците, нивните родители и персоналот на ОУ кои се директни корисници на оваа иницијатива.

Буџетот изнесува 4.608.052 МКД. Проектот е финансиран од Сокотаб  Франа СА од Швајцарија и неговите партнери.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми