Реновирање на основно училиште во село Долно Количани - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Реновирање на основно училиште во село Долно Количани PDF Печати Е-пошта

Во текот на 2007 година МЦМС оствари соработка со Сокотаб Франа Са од Швајцарија со која успешно беа реализирани проекти за реновирање на санитарните јазли во две основни училишта (во с.Долно Количани и с.Добрушево). Во 2008 година, Сокотаб повторно обезбеди финансиска поддршка за реновирање на истите училишта.

pmo102-ziСелото Долно Количани е ридско и се наоѓа во јужниот дел на Скопската Котлина, на територијата на општина Студеничани. Во селото живеат 1,510 жители во 340 домаќинства.

Училиштето е изградено во 1934 година, а во 1972 истото е доградено и делумно реновирано. Во текот на 2007 година реализиран беше проект за изградба на нови санитарни јазли кои заради ограничување на финансиските средства беше изграден само делот за ученици. Во 2008 година обезбедени беа дополнителни средства за доградба на нов санитарен јазол наменет за училишниот персонал.

Општа цел на проектот беше подобрени хигинески и хигиенско/санитарните услови за персоналот во основното училиште.
Цел на проектот беше условите во санитарниот јазол во основното училиште Мустафа Кемал Ататурк се доведени во прифатливи стандарди во согласност со големината на училиштето.

Очекуван резултат од проектот беше дограден нов санитарен јазол (делот за персоналот) во ОУ Мустафа Кемал Ататурк.
Целна група на проектот се учениците и училишниот персонал од основното училиште. Директни корисници се 21 воспитно образовен кадар.

Целното подрачје на проектот е рурално, односно проектот се спроведе во село Долно Количани, општина Студеничани (Скопски регион).

Резултатот беше постигнат преку следните активности: Ревизија на техничката документација (само за делот што се градеше сега); Проверка т.е ревидирање на предмет пресметката од тендерската документација од минатата година (тендерот беше спроведен за цел објект); Изготвување на целокупната документација за поддршка и финансирање на проектот; Избор на стручен надзор; Координација и соработка со сите вклучени актери; Набљудување и мониторинг;   Известување (тековно и завршно) и оценување.   
Доградбата на санитарниот јазол во најголем дел се реализираше во согласност со предвидената динамика, без поголеми проблеми и потешкотии. Во текот на изградбата, од  страна на училиштето предложено беше проширување на самата доградба со дополнителен ходник кој овозможи подобра звучна и топлинска изолација. Барањето беше прифатено од донаторот Сокотаб за што одобрени беа дополнителни средства.  За реализација на овие дополнителни работи беше потребно дополнително време во однос на планираното. Работите финансирани од МЦМС комплетно беа завршени на 10 ноември 2008 година, додека техничкиот прием на доградениот санитарен јазол во присуство на претставници на ОУ, МЦМС, изведувачот и надзорниот орган беше извршен на 14.11.008 година.

Кон крајот на месец ноември претставници од потесното раководството од Сокомак од Битола, направија посета и увид на постигнатите резултати, врз основа на што беше искажано големо задоволство од пристапот и квалитетот на реализацијата на овој проект.

Временскиот период на спроведување на проектот беше 1 јуни – 30 ноември 2008 г.

Претпоставка која влијае и придонесува кон остваруавње на општата цел е: училишниот персонал користи соодветни хигиенски средства и ги подобриле хигиенските навики за користење на новиот санитарен јазол. Претпоставка на ниво на резултати е да училиштето го одржува санитарниот јазол и навремено ги обезбедува потребните хигиенски средства (тоалетна хартија, сапун, течност и опрема за чистење и сл).

Соработката со Сокомак и Сокотаб беше одлична и дава можност за понатамошно продлабочување на истата.

МЦМС беше одговорен за спроведување на проектот и донесувањето одлуки. Активноста ја спроведе тим од вработените во МЦМС заедно со вклучени претставници од основното училиште како и потребните надворешни соработници (надзорен орган, изведувач, стручни соработници и сл.).

Информации за проектот беа доставени до јавноста преку информативните изданија на МЦМС и самото училиште.

Во текот на спроведување на проектот МЦМС вршеше мониторинг и набљудување на проектните активности. За контрола на градбата беше ангажиран стручен градежен надзор кој ја следеше изградбата на објектот, односно обезбеди соодветна техничка контрола на изведбата. Известувањето до донаторот беше тековно и завршно после комплетирање на сите предвидени активности.
Директните трошоците на проектот изнесуваат 1.246,775,50 МКД, и сите средства се донација на Сокотаб Франа Са од Швајцарија (www.socotab.com).

 

Извршно резиме од проектот.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми