Здруженијата не се третираат како сериозни понудувачи на неформално образование - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Здруженијата не се третираат како сериозни понудувачи на неформално образование PDF Печати Е-пошта
Петок, 07 јуни 2019 00:00

Поедноставување на процедурите за верификација на програмите за неформално образование и верификација на институциите кои ги обезбедуваат тие програмие главното барање на организациите кои учествуваа на средбата на темаУлогата на граѓанските организации во обезбедување на квалитетно неформално образование“. Средбата се одржа на 27 мај во Граѓанскиот ресурсен центар на иницијатива на организацијатаЕдукативниот културен центар „Нана“.20190706 Neformalno slika

Организациите ги споделија своите искуства од обидите за верификација на програмите за обуки, меѓутоа потврдија дека овие процедури се комплексни и одземаат многу време. Помеѓу предизвиците се вбројуваат и слабата информираност на организациите околу процесите и политиките на неформалното образование, како и недоволната отвореност на институциитекон здруженијата како сериозен понудувач на неформално образование.

Билјана Мојсовска Манојлова од Центарот за доживотно учење е член на Координативното тело за следење на мерката „Воспоставување на систем за валидација на неформалното и неформалното учење” од Стратегијата за образование 2018-2025. Таа информираше дека воспоставувањето систем за валидацијата е главен приоритет во периодот 2018-2020 година, што подразбира дека индивидуата треба да биде во центарот на учењето и нејзиното знаење, вештините и компетенциите да бидат признаени, независно од условите во кои ги стекнала. Таа додаде дека граѓанските организации можат да станат даватели на услуги во некоја од четирите фази на валидација а исто така можат да служат и како информативни центри.

Според законот, граѓанските организации немаат обврска да го поминат целиот процес на верификација, но на обучувачите останува борбата на пазарот за да бидат признаени од страна на побарувачите на обуки. Дополнителен предизвик е и обезбедувањето и гаранцијата на квалитетот на обуките.

Во следниот период Граѓанскиот ресурсен центар ќе организира средба и со Центарот за образование на возрасни и врз основа на наодите ќе оцени дали има потреба од обезбедување на дополнителна поддршка и организирање на дебата или информативен настан на оваа тема.


Поврзани:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Здруженијата не се третираат како сериозни понудувачи на неформално образование