Застапување и лобирање за децентрализација на декадата на Ромите на локално ниво - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Застапување и лобирање за децентрализација на декадата на Ромите на локално ниво PDF Печати Е-пошта

Националната стратегија за намалување на сиромаштијата (подготвена од Владата) експлицитно го потенцира ромското население како најмаргинализирана заедница во земјата. Може да се забележи и фактот дека општата состојба на Ромите во Македонија не е променета радикално во последните години.

Сепак, посебен успех за интеграцијата на Ромите во Македонија, претставува фактот дека успешно е започната Декадата на вклучување на Ромите, во чии рамки е изготвена национална стратегија на Ромите за Македонија, приоретизирајќи четири теми: образование, здравство, вработување и домување и официјално усвоена од страна на Владата на Република Македонија.

Владата назначи меѓуминистерска работна група со задача да ги подготви националните стратегии на Ромите во четирите идентификувани приоритетни теми во рамките на декадата. Исто така од  страна на Владата беше назначен Ром како Заменик Министер за труд и Социјална политика кон крајот на 2004, кое е највисокото  политичко место после независноста.  Со оглед на тоа што на ова министерство и беше доделена одговорноста за имплементација на  иницијативата “Декада на вклучување на Ромите” на национално ниво, ова поставување ги зајакна позитивните впечатоци на Владината политика за потребните рамки  и услови за имлементација на декадата.

Но, иако во однос на Ромите како етничка заедница Република Македонија има направено значителен позитивен исчекор во однос на другите држави, согласно постојните одредби тие се еднакви во своите легално загаранирани права и обврски како и  сите останати граѓани на Р. Македонија, сепак, напорите кои се преземени досега биле парцијални, неповрзани меѓусебно и не биле во состојба да ги решат проблемите на пошироко ниво. Во однос на потребите на Ромската заедница, според преземените акции и напори за подобрување на ситуацијата се индицираат четири клучни области: образование, вработување, домување и здравство, како и човековите права (дискриминацијата), родовите односи и сиромаштијата кои провејуваат во сите сегменти на живеењето. МЦМС го спроведува овој проект во правец на надминување на горенаведените идентификувани слабости, и давање поголем придонес кон излегување во пресрет на потребите на Ромската заедница во Македонија.

Општа цел на проектот беше да се даде придонес кон поефективно спроведување  на Декадата на вклучување на Ромите во Македонија, преку процесот  на децентрализација.

Цел на проектот беше да се даде придонес кон поефективно застапување и лобирање за вметнување и спроведување на Акционите планови од Декадата на Ромите на локално ниво.

Резултат на проектот беше ефикасно функционирање на Лоби групата за застапување и лобирање во рамките на Центарот за Ромска заедница “Дром”, Куманово и нејзина видливост во јавноста. Активностите на проектот се состоеја од активности за информирање и активности за лобирање и застапување, преку кои се пласираа информации за претстојната „Декада на вклучување на Ромите” (2005-2015). Во рамките на овој проект, Лоби групата одржа неколку средби со претставници на ресорните министерства и тоа: средба со Заменик министерот за образование и наука; со претставници на Управата за развој на образовнието при МОН; со Заменик мнистерот за труд и социјална политика и со претставници од МТСП. На средбите се разговараше за процесот и успешноста на имплементацијата на активностите поврзани со декадата на Ромите.

Временскиот период на спроведување на проектот беше: 01 јули – 31 декември  2007 г. Директните трошоци за проектот изнесуваа 130.000,00 МКД. Сите средства се обезбедени од Данската меѓуцрковна помош (ДЦА).

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми