База на податоци на основните училишта во Македонија |
Општа цел на проектот беше да се создадад услови за осовременување и модернизација на основното образованието во согласност со ЕУ стандардите. Цел на проектот беше да се обезбедат податоци и информации за сите државни основни училишта во Македонија од прво до осмо одделение. Со проектот постигнати беа следните резултати: изготвена база на податоци за основните училишта во Република Македонија, и извештаи со показатели од податоците достапни во базата на податоци. Целна група на проектот беа учениците од државните основни училишта заедно со воспитно образовниот кадар од тие училишта и јавноста. Директни корисници беа: Министерството за образование и наука (МОН); Бирото за развој на образованието (БРО); Основните училишта (ОУ); АЕД/УСАИД; Локалните самоуправи (ЛС). Индиректни корисници беа донаторите, меѓународните структури и другите актери кои се вклучени во секторот на основното образование. Целното подрачје на проектот беше национално, односно изготвена е база на податоци за сите основни училишта во Република Македонија. Со проектот реализирани беа следните активности: Подготвителни состаноци со АЕД и усогласување на начинот за внесување на прашалниците; Прием и проверка на претходно пополнети прашалници од страна на основните училишта кои беа доставени до канцлеријата на АЕД/ПЕП проектот; Изготвување на структура на база на податоци во програмот Acess-Unikode; Презентација и прифаќање на структурата на базата од страна на АЕД и МОН; Превод на прашалниците од македонски и албански на англиски јазик; Внесување на прашалниците во базата на податоци; Проверка и контрола на процесот на внесување; Контактирање на основите училишта кои претходно доставиле нецелосни прашалници; Координација и консултации со АЕД и МОН околу прашања кои не се целосно одговорени во прашалникот на ОУ; Ревизија на внесените податоци од страна на АЕД; Завршно доставување на базата на податоци. Нацрт базата на податоци до канцеларијата на ПЕП/АЕД доставена беше на 27.08.2007. Врз основа на повратните инфорамции од нивна страна, истата беше надополнета и финалната верзија доставена беше на 11.09.2007 година. Во фазата на внесување на податоците еднаш на секои две недели презентирани беа резултатите од обработените прашалници пред претставниците на АЕД/УСАИД и МОН. Базата на податоци содржи: Општи информации за училиштето (име, адреса, контакти, број на наставници и сл.); Потреби за реновирање на училиштето; Податоци за Информатичко компјутерска технологија; Информации поврзани со Математика и природната група на предметите; и Прашања поврзани со оценувањето. Во базата обработени се податоците од 472 основни училишта (преку 90 % од вкупниот број на ОУ). Временскиот период на спроведување на проектот беше од 29 мај до 30 октомври 2007. Директните финанисиски трошоци на проектот изнесуваат 37,026,50 МКД. Сите средства се обезбедени од АЕД/ПЕП проектот (www.aed.org).
|