Професионален развој на наставниот кадар во основните училишта |
![]() |
![]() |
![]() |
Како одговор на горенаведените предизвици Владата на Република Македонија имплементира заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) во износ од 5 милиони УСД, грант во износ од 10 милиони ЕУРО од Холандската Влада и 3 милиони УСД учество на Владата на Република Македонија за Проектот за модернизација на образованието. Општа цел на проектот беше придонес кон осовременување и модернизација на образованието во Република Македонија. Цел на проектот беше придонес кон унапредување на квалитетот на наставата и зголемување на учеството во наставата во целните училишта на проектот. Една од компонентите на проектот е градење на капацитетие и професионален развој на наставниците во основните и средните училишта. Единицата за координација на проектот при Министерството за образование и наука, во април 2006 г. издаде Каталог на провајдери и нивни програми за обука на наставниците, во кој се вклучени темите, наставните програми, содржината и цената на обуките. Училиштата, во зависност од потребите и висината на расположливиот грант кој Министерството за образование и наука му го доделува на секое училиште, избираат тема на обука и провајдер кој сакаат да им ја испорача избраната обука. По селекцијата од страна на училиштата, провајдерите склучуваат Договор со Министерството за образование и наука во кој ги прецизираат сите детали во врска со испорака на обуката. За учебната 2006/2007 година МЦМС има склучено Договор со министерството за образование и наука за испорака на вкупно 6 (шест) обуки и тоа: 3 (три) обуки за Проект менаџмент, 1 (една) обука за Вештини на комуникација, 1 (една) обука за Партиципативен приод кон учењето и 1 (една) обука за менаџмент во училиште, за следниве 6 (шест) основни училишта во Република Македонија и тоа: ОУ “Санде Штерјоски“, Кичево; ОУ “25 Мај“, нас. Синѓелиќ, Скопје; ОУ “Петар Здравковски Пенко“, Скопје; ОУ “Гоце Делчев“, Неготино; ОУ “Маца Овчарова“, Велес и ОУ “Бајрам Шабани“, Куманово. Во рамките на ово проект беа обучени вкупно 81 наставници и друг училишен персонал. Временски период на спроведување е 01 февруари – 17 декември 2007 г. Финансискиот извештај на проектот изнесува 414.659,00 МКД (директни трошоци)
|