Раководење со канцеларијата на СГО 2006 |
Општа цел на проектот беше да се обезбеди поддршка на Владата за изработката и спроведувањето на кохерентна долгорочна политика и стратегија за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. Цели на проектот беше ефективно раководење со програмската канцеларија и спроведување (координирање) на програмата Директни корисници беа Генералниот секретаријат на Владата, Одделението за соработка со невладини организации и одговорните државни службеници за соработка со граѓанските организации при органите на државната управа. МЦМС е дел од конзорциумот кој го спроведуваше проектот “Техничка поддршка на Одделението за граѓанско општество во Владата” поддржан од Европската агенција за реконструкција. Проектот беше одговор на заложбите на Владата на Република Македонија да ја развие соработката со граѓанското општество и да ја промовира заедничката одговорност на Владата и граѓанското општество во развојот на заедницата и општествениот прогрес. Овие напори за соработка и партнерство беа институционализирани преку формирањето на Одделението.
|