Раководење со канцеларијата на СГО 2006 - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Раководење со канцеларијата на СГО 2006 PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Општа цел на проектот беше да се обезбеди поддршка на Владата за изработката и спроведувањето на кохерентна долгорочна политика и стратегија за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.

Цели на проектот беше ефективно раководење со програмската канцеларија и спроведување (координирање) на програмата   
Целна група беа Владата на Република Македонија, неколку министерства и органи на државната управа кои се занимаваат со граѓанскиот сектор, државните службеници во различни владини структури и граѓанското општество во Македонија како целина.

Директни корисници беа Генералниот секретаријат на Владата, Одделението за соработка со невладини организации и одговорните државни службеници за соработка со граѓанските организации при органите на државната управа.

МЦМС е дел од конзорциумот кој го спроведуваше проектот “Техничка поддршка на Одделението за граѓанско општество во Владата” поддржан од Европската агенција за реконструкција. Проектот беше одговор на заложбите на Владата на Република Македонија да ја развие соработката со граѓанското општество и да ја промовира заедничката одговорност на Владата и граѓанското општество во развојот на заедницата и општествениот прогрес. Овие напори за соработка и партнерство беа институционализирани преку формирањето на Одделението.

 
Се наоѓаш тука  : Fillimi Për ne Historia jonë