Раководење со проектен циклус за волонтерите на МЦМС - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Раководење со проектен циклус за волонтерите на МЦМС PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 24 јануари 2011 10:29

На 10 и 11 и на 17 и 18 јануари оваа година за ангажираните волонтери во МЦМС беше организирана Обука за раководење со проектен циклус. На обуката учествуваа и вработени на МЦМС кои досега немале можност да ја посетат.

Раководење со проектен циклус за волонтерите на МЦМС

Учесниците на обуката имаа интензивна програма која опфати основни информации за тоа што е проект, какво е планирањето насочено кон целите, како се прави анализа на засегнати страни, анализа на проблеми, анализа на цели и избор на стратегија. Посебно внимание беше ставено на пристапот на логичка рамка, логиката на интервенција, дефинирањето претпоставки/предуслови и индикатори и буџетирање.

„Обуката во целост ги исполни моите очекувања“, ни рече Сашо Андреевски, еден од волонтерите во МЦМС. „Подеднакво беше застапен теорискиот и практичниот дел. Особено ја сметам за корисна импровизацијата на изготвување на целосен проект кој ми помогна теориските знаења практично да ги применам“, додаде тој.

Помеѓу првиот и вториот циклус, учесниците, поделени во две групи, работеа на два предлог проекти. Во вториот циклус проектите беа презентирани и анализирани. Дополнително, во овој циклус тие поминаа низ набљудувањето и оценката на проектите како и методите за оценка и известување. Еден дел од обуката беше посветен на упатството и апликациската форма за повиците на Европската комисија.

Обуката ја спроведе Фатмир Битиќи.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Раководење со проектен циклус за волонтерите на МЦМС