Студија за социјалниот и граѓански дијалог во Западен Балкан - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Студија за социјалниот и граѓански дијалог во Западен Балкан PDF Печати Е-пошта
Среда, 26 јануари 2011 15:50

МЦМС започна со подготовката на студијата за економските и социјалните совети и слични институции во Западен Балкан. На 25 јануари 2011 г. во Скопје беше одржан почетниот состанок на регионалниот истражувачки тим за подготовка на студијата.

Студија за социјалниот и граѓански дијалог во Западен Балкан

На состанокот беше разговарана методологијата и содржината на студијата, а беше презентирана и состојбата со социјалниот и граѓанскиот дијалог во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора од страна на присутните експерти.

Целта на студијата е да даде сеопфатна слика за статусот, структурата, составот, надлежностите, функционирањето и финансирањето на економско-социјалните совети на национално или друго ниво, како и нивното влијание врз процесот на носење одлуки. Исто така, дел од студијата ќе биде и презентацијата на состојбата со граѓанскиот дијалог т.е. постоење на структуриран дијалог, владини канцеларии за соработка со граѓанските организации, стратегии и вклученост на граѓанските организации во процесот на носење политики и закони.

МЦМС беше избран од страна на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) да ја подготви студијата во декември 2010 г.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Студија за социјалниот и граѓански дијалог во Западен Балкан