Раководење со проектен циклус за волонтерите на МЦМС |
E hënë, 24 janar 2011 10:29 | |||
На 10 и 11 и на 17 и 18 јануари оваа година за ангажираните волонтери во МЦМС беше организирана Обука за раководење со проектен циклус. На обуката учествуваа и вработени на МЦМС кои досега немале можност да ја посетат. Учесниците на обуката имаа интензивна програма која опфати основни информации за тоа што е проект, какво е планирањето насочено кон целите, како се прави анализа на засегнати страни, анализа на проблеми, анализа на цели и избор на стратегија. Посебно внимание беше ставено на пристапот на логичка рамка, логиката на интервенција, дефинирањето претпоставки/предуслови и индикатори и буџетирање. „Обуката во целост ги исполни моите очекувања“, ни рече Сашо Андреевски, еден од волонтерите во МЦМС. „Подеднакво беше застапен теорискиот и практичниот дел. Особено ја сметам за корисна импровизацијата на изготвување на целосен проект кој ми помогна теориските знаења практично да ги применам“, додаде тој. Помеѓу првиот и вториот циклус, учесниците, поделени во две групи, работеа на два предлог проекти. Во вториот циклус проектите беа презентирани и анализирани. Дополнително, во овој циклус тие поминаа низ набљудувањето и оценката на проектите како и методите за оценка и известување. Еден дел од обуката беше посветен на упатството и апликациската форма за повиците на Европската комисија. Обуката ја спроведе Фатмир Битиќи.
|