Собранието донесе два важни закони за ГО - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Собранието донесе два важни закони за ГО PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 26 април 2010 10:42

На својата 100-та седница, Собранието на Република Македонија, ги донесе Законот за здруженија и фондации (ЗЗФ) и Законот за спречување и заштита од дискриминацијата (ЗСЗД). МЦМС беше вклучен во подготовката и во дебатата за двата закони.

Собранието донесе два важни закони за ГО

Мислењата на МЦМС за ЗЗФ и за ЗСЗД претходно ги објавивме на нашата веб страна.

Главните новини што ги носи Законот за здруженија и фондации се гледаа во: проширувањето на правото и слободата на здружување, намалувањето на товарот врз здруженијата во смисла на задолжителен број органи, подобрувањето на мерките за генерирање приходи, придонесот кон доброто управување и транспарентноста, појаснувањето на одредбите низ поимник, ориентираноста кон решавање проблеми од праксата итн.

Што се однесува до Законот за спречување и заштита од дискриминација, тоа е првиот општ закон за недискирминација и нуди сеопфатна регулација на прашањето. Една од значајните работи што ги пропишува Законот е формирањето Комисија за заштита од дискриминација која ќе биде независно тело за следење на дискриминацијата.

Двата закони во целост можете да ги преземете тука:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Собранието донесе два важни закони за ГО