МЦМС го објави Годишниот извештај за 2009 година - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС го објави Годишниот извештај за 2009 година PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 26 април 2010 11:59

godisen-izvestaj-2009-mcmsКако секоја, така и оваа година, МЦМС ги објави резултатите од работењето во 2009 година објавувајќи го деловниот со финансискиот извештај и ревизорското мислење.

Во 2009 година МЦМС реализираше 27 проекти и буџет од 88 милиони денари.

На утврдувањето на два предлог закони беше посветено големо внимание. На   Законот за здруженија и фондации и   Законот за спречување и заштита од дискриминација . Законот за здруженија и фондации е клучен дел за спроведување на Стратегијата на Владата за соработка со граѓанскиот сектор.

Годината ја одбележа и регистрацијата на две мрежи, чиј иницијатор и основач е МЦМС: Македонија без дискриминација (МБД) и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН).

Во овој период започнаа програмите Институционален развој на граѓанското општество (ИРГ) и Модел за дијалог на културите (МДК).

Повеќе информации за постигнувањата на МЦМС погледнете во Деловниот извештај за 2009 година (  PDF верзија ).

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести МЦМС го објави Годишниот извештај за 2009 година