Трета седница на Советот на МЦМС |
Четврток, 22 април 2010 10:35 | |||
На 21 април 2010 година се одржа третата седница на Советот на МЦМС. Членовите на Советот за претседавач на седницата го избраа Ѓунер Исмаил. Сашо Клековски, првиот извршен директор на МЦМС го презентираше Деловниот со финансискиот извештај за 2009 година. Тој се осврна на постигнувањата и на некои од тесните грла во спроведувањето на активностите. Со финансискиот извештај беше презентирано и независното ревизорско мислење, подготвено од страна на ревизорската куќа Дилојт. Ревизорите во мислењето констатираат дека финансиските извештаи на МЦМС реално и објективно ја прикажуваат финансиската состојба како и резултатите од работењето. Ревизијата е направена според Меѓународните стандарди за финансиско известување. Во дискусијата што следуваше, членовите на Советот се интересираа за понатамошната соработка со Меѓурелигискиот совет и воопшто понатамошните активности на МЦМС со верските заедници, за презентацијата на МЦМС во јавности преку медиумите, за соработката на МЦМС со Заедницата на општини на Норвешка итн. Членовите на Советот изразија задоволство од постигнатите резултати на МЦМС во 2009 година и го усвоија Деловниот и финансискиот извештај за 2009 година.
|