Црквите и верските заедници со висока и стабилна доверба - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Црквите и верските заедници со висока и стабилна доверба PDF Печати Е-пошта
Среда, 03 декември 2008 13:28

doverba-vo-go-2008[Прес соопштение] Македонскиот центар за меѓународна соработка по трет пат ја истражуваше општата доверба, довербата во институциите и довербата во граѓанското општество. Во ова соопштение ви го презентираме третиот дел од истражувачкиот извештај кој се однесува на довербата во црквите и верските заедници.

Истражувањето покажа дека општата доверба во црквите и верските заедници е висока (65,6%) и стабилна – на исто ниво како и минатата година. Свештените лица имаат доверба од 54%.

Довербата во црквите и верските заедници е поголема кај граѓаните со пониско образование.

Забележителна е високата доверба во своите: етничките Македонци во МПЦ,  етничките Албанци во ИВЗ. МПЦ е со мнозинска доверба (53%). Сите цркви и верски заедници имаат висока доверба кај претпоставените приврзаници (верници, членови). Довербата е изразена кај сличните - во МПЦ имаат висока доверба од 70% етничките Македонци, а во ИВЗ висока доверба од 77%  етничките Албанци.

Дел од резултатите од истражувањето можат да се толкуваат и како недоверба во различните и можна верска нетолеранција. МПЦ има доверба од 11% меѓу етничките Албанци, а ИВЗ има доверба од 22% меѓу етничките Македонци.

Малобројните цркви и заедници како Католичката, Методистичката и Еврејската имаат доверба од околу 21%. Иако довербата многукратно го надминува бројот на членови на наведените цркви и заедници, сепак големо мнозинство граѓани од околу 79% искажуваат недоверба кон малобројните цркви и верски заедници. Овие податоци може да укажуваат на верска нетолеранција. Ова е поткрепено и со 30,6% од граѓаните кои не сакаат сосед од друго верско убедување.

Повеќе информации за истражувањето можете да добиете во МЦМС кај Гонце Јаковлеска (02) 3065 381 (локал 142) или на 070/252 081.

Прв дел од истражувачкиот извештај
Втор дел од истражувачкиот извештај

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Црквите и верските заедници со висока и стабилна доверба