Граѓанските организации се за остварување на интересите на граѓаните - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓанските организации се за остварување на интересите на граѓаните PDF Печати Е-пошта
Вторник, 09 декември 2008 16:49

doverba-vo-go-2008[Прес соопштение] Истражувањето за довербата во граѓанското општество покажа дека општата доверба во граѓанските организации е 41,7%. Мнозинство од граѓаните веруваат дека граѓанските организации се за остварување на интересите на граѓаните и можност нивното мислење и дејствување да допре до јавноста. Во ова соопштение ви го презентираме четвртиот и петтиот дел од истражувачкиот извештај кој се однесува на довербата во граѓанските организации.

Ставовите дека граѓанските организации се средство со кое вешти поединци доаѓаат до пари и влијание и/или им служат само на интересите на странски држави и на нивните фондации се во малцинство. Во споредба со 2007 има вкупна позитивна промена од 13,5%.

Испитаниците се изјасниле дека граѓанските организации се злоупотребени (81,8%) од политичките партии или од нивните лидери, што е значително зголемување (околу 10 %) во однос на минатата година. Сепак, мало малцинство (околу 25 %) од нив можеле да наведат конкретна граѓанска организација зад која сметаат дека стои политичка партија (во сите поединечни случаи, тој процент е незначителен - помал од 5,1 %). Ова може да говори за стереотип за поврзаноста меѓу политичките партии и граѓанските организации, кој не е поткрепен со конкретни аргументи.

Мнозинство граѓани (56,1%) знаат успешни граѓански организации, а споредено со претходно знаат и повеќе за организации кои работат во конкретни области. Познавањето на граѓанските организации е подобрено во сите испитувани области во споредба со 2007 година.  Граѓаните имаа најмногу доверба во секторите: лица со посебни потреби (65,5%), деца, млади и студенти (65,2%) и жени и родови прашања (61%).

Познавањето на организациите кои работат на борба против сиромаштијата е 54,6% и е подобро во однос на другите испитувани области (граѓанско општество, борба против корупција и развој на мали и средни претпријатија).

Образованието, возраста и економскиот статус имаат влијание врз познавањето на граѓанските организации. Лицата со повисоко образование, помладите, вработените во јавниот сектор и учениците и студентите се подобри познавачи на граѓански организации.

Јавноста има позитивно мислење за граѓанските организации иако има помалку доверба во нивните лидери.

Односот на позитивно/негативно мислење за граѓанските организации е во благо опаѓање во однос на претходната година (од 4,4 на 3,5).

Граѓанските организации на трибина ги дискутираа наодите и заклучоците од ова истражување. Тие сметаат дека граѓаните недоволно го познаваат граѓанскиот сектор и дека недостасува поголема видливост на резултатите што ги постигнуваат.

Прв дел од истражувачкиот извештај
Втор дел од истражувачкиот извештај
Трет дел од истражувачкиот извештај

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Граѓанските организации се за остварување на интересите на граѓаните